Лек: Бисолвон

  • ATC код:R05CB02
  • Компанија:ХЕМОФАРМ КОМЕРЦ ХЕМОФАРМ КОНЦЕРН и др. доо
  • Доза:2mg/1mL перорални капки, раствор
Секретолитичка терапија кај акутни и хронични бронхопулмонарни заболувања асоцирани со прекумерна секреција и намален транспорт на слуз

Bromhexine претставува муколитик кој делува преку механизам на инхибиција на активноста на рецепторот на трансмембранската серин протеаза 2 и на тој начин ја олеснува екскрецијата на мукусот од респираторните патишта, така што ја намалува неговата вискозност и ја зголемува активноста на цилијарниот епител.

1mL = 15 капки

Возрасни пациенти деца на возраст над 14 години
  • Препорачана доза на bromhexine e 4 – 8 mL на секои 8 часа (односно 24 – 48mg bromhexine дневно).
Деца на возраст од 6 – 14 години и пациенти со телесна тежина под 50kg
  • Препорачана доза на bromhexine e 4 mL на секои 8 часа (односно 12mg bromhexine дневно).
Деца на возраст од 2 – 6 години
  • Препорачана доза на bromhexine e 2 mL на секои 8 часа (односно 24mg bromhexine дневно).
Инхалациона употреба
Возрасни пациенти
  • По 4mL на секои 12 часа.
Деца над 14-годишна возраст
  • По 2mL на секои 12 часа.
Деца на возраст од 6 – 14 години
  • По 1mL на секои 12 часа.
Деца на возраст од 2 – 6 години
  • По 10 капки на секои 12 часа. 
  • Хиперсензитивност кон bromhexine.
Антитусици
  • Истовремена употреба на bromhexine со антитусици може да резултира со сериозна акумулација на секрет поради ограничувањето на рефлексот на кашлање.
Млеко и млечни производи
  • Млекото и млечните производи можат да ја зголемат продукцијата на мукус, поради што се препорачува да се избегнува употреба на овие намирници за време на спроведување на терапија со bromhexine
Бременост
  • Не се препорачува употреба на bromhexine за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со bromhexine.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Наузеа, абдоминална болка (болка во горен абдомен), вомитус, дијареа.
Помалку чести
  • Хиперпирексија.
Ретки
  • Реакции на хиперсензитивност, бронхоспазам, осип, уртикарија.
Многу ретки

/

Непознато
  • Анафилактичка реакција, анафилактичен шок, ангиоедем, пруритус, erythema multiforme, Stevens-Johnson-ов синдром / токсична епидермална некролиза, акутна генерализирана егзантемозна пустулоза, диспнеа.

Нема пријавени случаи на предозирање.

Нема податоци. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:R05CB02
Генерично име:bromhexine
Латинично име:Bromhexine oral drops, solution
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:2mg/1mL перорални капки, раствор
Производител:ХЕМОФАРМ КОМЕРЦ ХЕМОФАРМ КОНЦЕРН и др. доо
Носител на одобрение:Istituto de Angeli S.R.L., Фиренца, Италија