Лек: Тобравис

  • ATC код:S01AA12
  • Компанија:ФАРМА ТРЕЈД дооел
  • Доза:3 mg/mL капки за очи, раствор
Третман на надворешни инфекции на окото и на нивните аднекси предизвикани од бактерии сензитивни на tobramycin
  • Применливо кај возрасни пациенти и кај деца на возраст над 1 година.

Tobramycin претставува аминогликозиден антибиотик кој делува преку механизам на врзување за 16Ѕ rRNA од 30Ѕ рибозомската субединица, со што се попречува одвивањето на процесот на транслација, односно синтезата на протеините во бактериската клетка, односно се синтетизираат т.н. “абнормални” протеини, кои бактериската клетка не може да ги искористи за сопствениот раст.

Адолесценти, возрасни пациенти и постари лица
  • За благи до умерени заболувања, препорачана доза на tobramycin е 1 – 2 капки, аплицирани во конјунктивалната кеса на заболеното око, на секои 4 часа;
  • За потешки заболувања, препорачана доза на tobramycin е 1 – 2 капки, аплицирани во конјунктивалната кеса на заболеното око, на секој 1 час.
Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Употребата на tobramycin капките за очи кај деца на возраст под 1 година е контраиндицирана.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
  • Хиперсензитивност кон tobramycin.

Нема клинички значајни интеракции.

Нема влијание.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на tobramycin за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на третман со tobramycin.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Окуларна непријатност, окуларна хиперемија.
Помалку чести
  • Хиперсензитивност, главоболка, кератитис, корнеална абразија, оштетување на видот, заматен вид, еритем на очен капак, конјунктивален едем, едем на очен капак, окуларна болка, суви очи, окуларен исцедок, јадеж, хиперлакримација, уртикарија, дерматитис, опаѓање на трепките, леукодерма, пруритус, сува кожа.
Ретки

/

Многу ретки

/

Непознато

/

Нема пријавени случаи на предозирање.

Поради можност од заматување на видот, не се препорачува возење или управување со машини непосредно по нанесувањето на tobramycin капките за очи.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:S01AA12
Генерично име:tobramycin
Латинично име:Tobramycin eye drops, solution
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:3 mg/mL капки за очи, раствор
Производител:ФАРМА ТРЕЈД дооел
Носител на одобрение:S.C.Rompharm Company S.R.L. , Илфов, Романија