Третман и профилакса на крварење кај пациенти со хемофилија А
Turoctocog alfa претставува хуман рекомбинантен фактор VIII (фактор на коагулација); неговиот механизам на дејство е идентичен со дејството на ендогениот фактор VIII и истиот се користи за надоместување кај пациентите со хемофилија А, кај кои овој фактор на коагулација е отсутен или го има во многу мала концентрација во крвта. Тuroctocog alfa се активира преку врзување за von Willebrand-овиот фактор на коагулација и понатаму се однесува како кофактор на активираниот фактор IX, кој пак е вклучен во активацијата на факторот X. Активираниот фактор Х го претвора протромбинот во тромбин, а под дејство на тромбинот, фибриногенот се конвертира во фибрин, со што доаѓа до формирање на крвен коагулум на местото на настанатата повреда.
Препорачана брзина на инфундирање на turoctocog alfa е 1 – 2 mL/min.
Табела 1. Водич за дозирање при епизоди на крварење и операција
Степен на крварење / тип на хируршка процедура
|
FVIII потребно ниво (%) (UI/dL)
|
Фреквенција на дозирање (часови) / времетраење на терапија (денови)
|
Крварење
|
Рана хемартроза, мускулно крварење или крварење во усната празнина
|
20 – 40
|
На секои 12 – 24 часа, најмалку 1 ден, сé до повлекување на епизодата на крварење
|
Посериозна хемартроза, мускулно крварење или хематоми
|
30 – 60
|
На секои 12 – 24 часа, 3 – 4 дена, сé до повлекување на болката или акутната попреченост
|
Живото-загрозувачки крварења
|
60 – 100
|
На секои 8 – 24 часа, сé до отстранување на опасноста
|
Операција
|
Минорна операција (вклучително и вадење заб)
|
30 – 60
|
На секои 24 часа, најмалку 1 ден, сé до целосно заздравување
|
Голема операција
|
80 – 100 (пред- и пост-оперативно)
|
На секои 8 – 24 часа, сé до целосно заздравување на раната; понатаму терапијата се продолжува во наредните 7 дена
|
Профилакса
- За долгорочна профилакса на крварење кај пациенти со тешка хемофилија А, препорачана доза е 20 – 40 UI/kg телесна тежина, секој втор ден или 20 – 50 UI /kg телесна тежина, трипати неделно;
- Возрасни пациенти и деца на возраст над 12 години – препорачана доза е 40 – 60 UI/kg телесна тежина, секој трет ден или двапати неделно;
- За долгорочна профилакса против крварење кај пациенти на возраст под 12 години, се препорачуваат дози од 25 – 50 UI/kg телесна тежина, секој втор ден, односно 25 – 60 UI/kg телесна тежина, трипати неделно.
Нема клинички значајни интеракции.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.