Индикации кај мажиНамалување на сексуален нагон кај сексуални девијации
Антиандроген третман кај иноперабилен карцином на простата
Потиснување на сексуалниот нагон во случај на хиперсексуалност и сексуални отстапувања
Индикации кај жениТешки знаци на андрогенизација како тешки форми на хирзутизам, тешка форма на андрогена алопеција, често пратена со тешки форми на акни и/или себореа
Тешки до многу тешки симптоми на андрогенизација кај жени
Cyproterone има директно андиандрогено дејство на карцином на простата и неговите метастази. Исто така, покажува и прогестогена активност која пројавува негативен повратен ефект на рецепторите во хипоталамусот, доведувајќи до редукција во ослободувањето на гонадотропини, а со тоа и намалена продукција на тестикуларни андрогени. Сексуалниот нагон и потенцијата се намалени, а функцијата на гонадите е инхибирана.
Препорачана почетна доза кај мажи е 300mg cyproterone.
Антиандроген третман кај иноператибилен карцином на простата
- Препорачана почетна доза на cyproterone е 2 таблети од 50mg, на секои 8 - 12 часа (200 - 300mg);
Жени во репродуктивен период
- Препорачана доза на cyproterone е 2 таблети од 50mg дневно, од 1 - 10-ти ден од циклусот, во временски период од 21 ден.
Постменопаузални и хистеректомизирани пациенти
- Препорачана доза на cyproterone е 1 до 1/2 таблета од 50mg дневно, во период од 21 дена, по што следи пауза од 7 дена.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Употребата на лекот е контраиндицирана.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Употребата на лекот е контраиндицирана.
Употребата на лекот за време на бременост и доење е контраиндицирана.
Нема пријавени случаи на предозирање.
Поради можност од појава на замор и намалена концентрација, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.