Лек: Симбикорт Турбухалер

  • ATC код:R03AK07
  • Компанија:N/A
  • Доза:(80µg + 4,5µg) / доза прашок за инхалирање (1 инхалатор х 60 дози/кутија)
Астма
  • Применливо кај пациенти кои не се адекватно контролирани со инхалаторни кортикостероиди и кои по потреба инхалираат кратко-делувачки β2-агонист, како и кај пациенти кои се адекватно контролирани со двата лека.
Хронична опструктивна пулмонарна болест
Budesonide
  • Budesonide претставува глукокортикоид кој покажува антиинфламаторно дејство на ниво на респираторниот и гастроинтестиналниот тракт. Budesonide ја инхибира апоптозата на неутрофилите, ја инхибира активноста на фосфолипазата А2, со што се инхибира синтезата на арахидонската киселина и нејзините деривати. Дополнително, budesonide ја инхибира активноста на нуклеарниот фактор NF-kappa-B и други проинфламаторни фактори на транскрипција, додека ја стимулира активноста на антиинфламаторните гени, како што е интерлеукин-10.

Formoterol
  • Formoterol претставува селективен долго-делувачки агонист на β2-адренергичните рецептори лоцирани во бронхијалната мазна мускулатура, кој делува преку механизам на активација на интраклеточната аденилил циклаза – ензим кој е одговорен за конверзијата на аденозин трифосфат (АТР) во цикличен аденозин монофосфат (сАМР). Покачените нивоа на сАМР во бронхијалната мазна мускулатура резултира со нејзина релаксација и дилатација на респираторните патишта, како и инхибиција на ослободување на проинфламаторни медијатори од маст-клетките, како што се хистаминот и леукотриените.
Астма
  • Возрасни пациенти – 1 инхалација, двапати дневно;
  • Адолесценти на возраст од 12 – 17 години - 1 инхалација, двапати дневно;
  • Деца на возраст под 12 години – употребата на budesonide, formoterol е контраиндицирана.
Хронична опструктивна пулмонарна болест
  • Возрасни пациенти – 1 инхалација, двапати дневно.
  • Хиперсензитивност кон budesonide;
  • Хиперсензитивност кон formoterol.
Инхибитори на CYP450 3A4
  • Истовремената употреба на budesonide, formoterol со лекови од групата на инхибитори на CYP450 3A4, како што се кетоконазол, итраконазол, вориконазол, посаконазол, кларитромицин, телитромицин, нефазодон, кобицистат и инхибитори на ХИВ-протеаза, може да резултира со зголемување на серумските нивоа на budesonide.
β-блокатори
  • Истовремената употреба на budesonide, formoterol со β-блокатори може да резултира со инхибиција на дејството на formoterol.
β-блокатори
  • Истовремената употреба на budesonide, formoterol со β-блокатори може да резултира со инхибиција на дејството на formoterol.
Кинидин, дисопирамид, прокаинамид, фенотиазини, антихистаминици (терфенадин) и трициклични антидепресиви
  • Истовремената употреба на budesonide, formoterol со лекови како кинидин, дисопирамид, прокаинамид, фенотиазини, антихистаминици (терфенадин) и трициклични антидепресиви може да резултира со продолжување на QTc-интервалот и со зголемување на ризикот од вентрикуларни аритмии.
L-допа, L-тироксин, окситоцин, алкохол
  • Истовремената употреба на budesonide, formoterol со лекови како L-допа, L-тироксин, окситоцин и алкохол може да резултира со нарушување на кардијалната толеранција кон β2-симпатомиметиците.
МАО-инхибитори
  • Истовремената употреба на budesonide, formoterol со МАО-инхибитори може да резултира со поттикнување на хипертензивни реакции.
Халогенирани јаглеводородни анестетици
  • Истовремената употреба на budesonide, formoterol со халогенирани јаглеводородни анестетици може да го зголеми ризикот од аритмии.
β-агонисти и антихолинергици
  • Истовремената употреба на budesonide, formoterol со β-агонисти и антихолинергици може да го потенцира бронходилататорниот ефект.
Гликозиди на дигиталис
  • Истовремената употреба на budesonide, formoterol со гликозиди на дигиталис може да резултира со хипокалиемија која ја зголемува склоноста кон аритмии.
Сок од грејпфрут
  • Истовремената употреба на budesonide, formoterol со сок од грејпфрут може да резултира со зголемување на плазма-концентрацијата на budesonide, formoterol
Бременост
  • Не се препорачува употреба на на budesonide, formoterol за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со на budesonide, formoterol.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Кандидијаза на орофаринкс, пневмонија, главоболка, тремор, палпитации, блага иритација во грлото, кашлање, дисфонија, засипнатост.
Помалку чести
  • Агресија, психомоторна хиперактивност, вознемиреност, нарушувања во спиењето, вертиго, заматен вид, тахикардија, наузеа, модрици, мускулни спазми.
Ретки
  • Непосредни и одложени реакции на хиперсензитивност (на пр. егзема, уртикарија, пруритус, дерматитис, ангиоедем и анафилактичка реакција), хипокалиемија, аритмија, атријална фибрилација, суправентрикуларна тахикардија, екстрасистоли, бронхоспазам.
Многу ретки
  • Cushing-ов синдром, адренална супресија, забавен раст, намалување на коскената густина, хипергликемија, депресија, промени во однесувањето, нарушувања на вкусот, катаракта и глауком, ангина пекторис, продолжување на QTc-интервалот, варирање на крвниот притисок.
Непознато

/

Симптоми
  • Симптоми на предозирање со formoterol се: тремор, главоболка, палпитации, тахикардија, хипергликемија, продолжување на QTc-интервалот, аритмија, наузеа и вомитус; 
  • Не се очекува предозирање со budesonide.
Третман
  • Терапија со инхалаторен кортикостероид.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:R03AK07
Генерично име:budesonide, formoterol
Латинично име:Budesonide, formoterol powder for inhalation
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:(80µg + 4,5µg) / доза прашок за инхалирање (1 инхалатор х 60 дози/кутија)
Производител:N/A
Носител на одобрение:ASTRA ZENECA AB, Содертаље, Шведска, Astra Zeneca UK Ltd, Чешир, Обединето Кралство, Astra Zeneca GmbH, Ведел, Германија