Лек: Пиелосептил

  • ATC код:J01XE01
  • Компанија:РИФАМ доо
  • Доза:100mg таблети
Профилакса на акутни или рекуренти инфекции на долниот дел на уринарниот тракт
Третман на акутни или рекуренти инфекции на долниот дел на уринарниот тракт
Третман на пиелитис (спонтан или по хируршки зафат)

Nitrofurantoin под дејство на бактериските нитроредуктази сe конвертира во електрофилни интермедиери кои го инхибираат циклусот на лимонска киселина, како и синтезата на бактериската DNA, RNA и протеините.

Возрасни пациенти
  • Акутни инфекции на уринарен тракт - препорачана доза на nitrofurantoin e 50mg на секои 6 часа, во период од 7 дена;
  • Тешка хронична инфекција - препорачана доза на nitrofurantoin e 100mg на секои 6 часа, во период од 7 дена; 
  • Долготрајна супресија - препорачана доза на nitrofurantoin e 50 - 100 mg дневно; 
  • Профилакса - препорачана доза на nitrofurantoin e  50mg на секои 6 часа, во времетраење на процедурата и 3 дена потоа. 
Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
  • Акутни уринарни инфекции - препорачана доза на nitrofurantoin е 3 mg/kg телесна тежина дневно, администрирана во 4 поделени дози, во период од 7 дена;
  • Супресија - препорачана доза на nitrofurantoin е 1 mg/kg телесна тежина дневно.
Пациенти со ренално оштетување
  • Употребата на nitrofurantoin е контраиндицирана. 
Пациенти со хепатално оштетување
  • Нема податоци. 
  • Хиперсензитивност кон nitrofurantoin
  • Пациенти со ренална дисфункција и еGFR помала од 45 mL/min; 
  • Пациенти со дефицит на глукоза-6-фосфат дехидрогеназа; 
  • Пациенти со акутна порфирија; 
  • Новороденчиња и бремени жени пред породување и во тек на породување.
Лекови кои го пролонгираат празнењето на желудникот
  • Истовремената употреба на nitrofurantoin со лекови кои го пролонгираат празнењето на желудникот може да резултира со зголемена апсорпција на nitrofurantoin.
Магнезиум трисиликат
  • Истовремената употреба на nitrofurantoin со магнезиум трисиликат може да резултира со намалување на апсорпцијата на nitrofurantoin.
Пробеницид и сулфинпиразон
  • Истовремената употреба на nitrofurantoin со пробенецид или сулфинпиразон може да резултира со намалување на тубуларната секреција на nitrofurantoin.
Алкализација на урината и употреба на инхибитори на карбоанхидраза
  • Истовремената употреба на nitrofurantoin со инхибитори на карбоанхидраза или алкализација на урината може да резултира со намалување на терапевтското дејство на nitrofurantoin.
Кинолони
  • Истовремената употреба на nitrofurantoin со кинолони резултира со антагонизирање на дејството на кинолоните.
Тестови за глукоза
  • Nitrofurantoin може да интерферира со резултатите на тестовите за глукоза во урината. 
Тифоидна вакцина
  • Nitrofurantoin ја инактивира тифоидната вакцина. 
Храна која го пролонгира празнењето на желудникот
  • Истовремената употреба на nitrofurantoin со храна која го пролонгира празнењето на желудникот може да резултира со зголемена апсорпција на nitrofurantoin.
Бременост
  • Не се препорачува употреба на nitrofurantoin за време на бременост. 
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со nitrofurantoin

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести

/

Помалку чести

/

Ретки
  • Апластична анемија, колапс и цијаноза.
Многу ретки

/

Непознати
  • Суперинфекции предизвикани од фунги или резистентни микроорганизми, агранулоцитоза, леукопенија, гранулоцитопенија, хемолитичка анемија, тромбоцитопенија, мегалобластична анемија, еозинофилија, анемија предизвикана од дефицит на G6PD, алергиски кожни реакции, ангионевртоски едем, анафилакса, депресија, конфузија, еуфорија, психотични реакции, периферна невропатија со оптички невритис, нистагмус, вертиго, главоболка, зашеметеност, бенигна интеркранијална хипертензија, акутни / субакутни / хронични белодробни реакции, кашлица, диспнеа, белодробна фиброза, панкреатитис, наузеа, вомитус, анорексија, абдоминална болка, дијареа, холестатска жолтица, хроничен активен хепатитис, хепатална некроза, автоимун хепатитис, транзиторна алопеција, ексфолијативен дерматитис, еритрема мултиформе, еритрематозни и егзематозни ерупции, уртикарија, осип, пруритус, синдром сличен на лупус придружен со белодрбона реакција, осип со еозинофилија и системски симптоми, кутан васкулитис, жолто или кафеаво обојување на урината, астенија, треска, напливи на ладно, артралгија, лажно позитивен резултат за глукоза во урина.
Симптоми
  • Симптомите на  предозираност се гастрична иритација, наузеа и вомитус.
Третман
  • Хемодијализа по неодамнешна ингестија, индукција на емеза или гастрична лаважа, зголемен внес на течности за забрзана екскреција; 
  • Се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман. 

Поради можност од појава на вртоглавица и поспаност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини. 

Задолжително проверете го рокот на употреба, начинот и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:J01XE01
Генерично име:nitrofurantoin
Латинично име:Nitrofurantoin tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:100mg таблети
Производител:РИФАМ доо
Носител на одобрение:Biofarma Ilac San ve Tic AS , Истанбул, Турција