Атриовентрикуларна нодална реципрочна тахикардија
Аритмии асоцирани со Wolff-Parkinson-White синдром
Симптоматска одржлива вентрикуларна тахиаритмија
Предвремени вентрикуларни контракции и/или неодржлива вентрикуларна тахикардија
Пароксизомални атријални аритмии
- Атријална фибрилација, атријален флатер, тахикардија.
Flecainide претставува антиаритмик од класа Ic кој делува на ниво на волтажно-зависните натриумови и калиумови канали на ниво на миокардот; flecainide ги блокира волтажно-зависните натриумови канали и за време на срцевата дијастола бавно се ослободува од врзивното место, односно бавно дисоцира од комплексот лек-рецептор, така што овозможува пролонгирање на кардијалниот рефракторен период и истовремено го скратува времетраењето на акциониот потенцијал преку Пуркиниевите влакна. Дополнително, flecainide го одложува отворањето на калиумовите канали, со што овозможува пролонгирање на акциониот потенцијал на вентрикуларните и атријалните мускулни влакна. На крај, flecainide го спречува отворањето на ријаноидните рецептори, што резултира со редукција на ослободувањето на калциумовите јони од страна на саркоплазматичниот ретикулум и последователна редукција на деполаризацијата на клетките.
Поради можност од појава на вртоглавица или визуелни нарушувања, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување