Парестезии кај дијабетична полиневропатија
Thioctic acid претставува аминокиселина со антиоксидативно дејство, која е вклучена во процесите на оксидативна декарбоксилација на кето киселините; активниот облик на thioctic acid е R-енантиомерот, кој делува преку механизам на врзување за слободните радикали и нивна неутрализација, односно преку механизам на хелирање на металните јони, со што се инхибира нивниот штетен ефект. Дополнително, thioctic acid врши индукција на фосфорилација на протеинската киназа В на ниво на васкуларните ендотелијални клетки и покажува протективно дејство врз клетките кои се засегнати од апоптоза индуцирана од оксидативен стрес.
Препорачана дневна доза на thioctic acid е 600mg, администрирана како единечна доза, 30 минути пред првиот оброк.
Истовремената употреба на thioctic acid со храна може да резултира со намалување на апсорпцијата, односно биорасположливоста на thioctic acid.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.