Парестезии кај дијабетична полиневропатија
Thioctic acid претставува аминокиселина со антиоксидативно дејство, која е вклучена во процесите на оксидативна декарбоксилација на кето киселините; активниот облик на thioctic acid е R-енантиомерот, кој делува преку механизам на врзување за слободните радикали и нивна неутрализација, односно преку механизам на хелирање на металните јони, со што се инхибира нивниот штетен ефект. Дополнително, thioctic acid врши индукција на фосфорилација на протеинската киназа В на ниво на васкуларните ендотелијални клетки и покажува протективно дејство врз клетките кои се засегнати од апоптоза индуцирана од оксидативен стрес.
Препорачана доза на thioctic acid кај возрасни пациенти со силно изразени парестезии од дијабетична полиневропатија е 24mL дневно, односно 600mg thioctic acid дневно, администрирани во облик на интравенска инфузија.
По разредување, концентратот за раствор за инфузии се применува интравенски, во период од 2 – 4 недели во почетната фаза од третманот. Интравенската администрација се спроведува во облик на кратка интравенска инфузија, во тек на најмалку 30 минути.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.