Лек: Траумон

  • ATC код:M02AA06
  • Компанија:СЕПТИМА дооел
  • Доза:100mg/mL спреј за кожа, раствор
Симптоматски третман на болка
  • Болки предизвикани од акутни истегнувања, исчашувања или модрици по екстремитетите или при спортски повреди.
Симптоматски третман на болка на мекото ткиво во близина на зглоб (бурза, тетива, лигамент и зглобна капсула) во случаи на гонартроза

Etofenamate претставува нестероиден антиинфламаторен лек (НСАИЛ), неселективен инхибитор на активноста на циклооксигеназите СОХ-1 и СОХ-2 со антиинфламаторно дејство. Со инхибиција на активноста на СОХ-2 се инхибира синтезата на проинфламаторните простагландини, додека, со инхибиција на активноста на СОХ-1 се инхибира синтезата на протективните простагландини, на што се должи појавата на несакани ефекти, како што се улцерации на ниво на гастроинтестинален тракт.

Се прска 7 пати од etofenamate спрејот на засегната анатомска регија од телото и на околните делови, на секои 6 часа, со нежно втривање на кожата на секои 1 – 2 прскања.

  • Хиперсензитивност кон etofenamate;
  • Историја на реакции на хиперсензитивност (астма, бронхоспазам, ринитис, ангиоедем или уртикарија) кои се појавуваат по употреба на ацетилсалицилна киселина или НСАИЛи;
  • Отворени повреди, инфламации или инфекции на кожата, како и егзем на кожата;
  • Апликација на очите, усните или на мукозните мембрани;
  • Трет триместар од бременоста;
  • Деца и адолесценти.

Нема клинички значајни интеракции.

Нема влијание.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на etofenamate за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со etofenamate.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести

/

Помалку чести
  • Дерматитис, еритем, пруритус, чувство на печење, хиперсензитивност, кожен осип.
Ретки
  • Реакции на хиперсензитивност, локални алергиски реакции (контактен дерматитис). 
Многу ретки
  • Едеми.
Непознато
  • Фотосензитивност.

Во случај на предозирање, може да дојде до појава на главоболка, вертиго и/или епигастрична болка.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:M02AA06
Генерично име:etofenamate
Латинично име:Etofenamate skin spray, solution
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:100mg/mL спреј за кожа, раствор
Производител:СЕПТИМА дооел
Носител на одобрение:MADAUS GmbH, Тројсдорф, Германија