Лек: RAZAGILIN BELUPO

  • ATC код:N04BD02
  • Компанија:БЕЛУПО дооел
  • Доза:1 mg таблета (28 таблети (Al/Al блистер)/кутија)
Идиопатска Паркинсонова болест
  • Применливо како монотерапија или како доплнителна терапија со леводопа кај пациенти со флуктуациии при истекот на дозата.

Механизмот на дејство на rasagiline е поврзан со неговата инхибиторна активност на ензимот МАО-Б, што предизвикува зголемување на екстрацелуларните нивоа на допамин во стриатумот. Зголеменото ниво на допамин и последователната зголемена допаминергична активност посредуваат во корисните ефекти на rasagiline, забележани во моделите на допаминергична моторна дисфункција.

Препорачана доза на rasagiline е 1mg дневно, која се зема со или без леводопа.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Нема податоци.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Се препорачува прилагодување на дозата кај пациенти со лесно хепатално нарушување; 
  • Кај пациенти со тешко хепатално нарушување, употребата на лекот е контраиндицирана. 
  • Хиперсензитивност кон rasagiline
  • Истовремена употреба со останати МАО-инхибитори;
  • Тешко хепатално оштетување; 
  • Истовремена употреба со петидин.
Други МАО инхибитори
  • Истовремената употреба на rasagiline со други МАО-инхибитори може да резултира со хипертензивни кризи.
Петидин
  • Истовремената употреба на rasagiline со петидин може да резултира со манифестација на сериозни несакани ефекти.
Симпатомиметици
  • Истовремената употреба на rasagiline со симпатомиметици може да резултира со манифестација на несакани ефекти.
Декстрометорфан
  • Истовремената употреба на rasagiline со декстрометорфан може да резултира со манифестација на несакани ефекти.
SNRI/SSRI, трициклични и тетрациклични антидепресиви
  • Истовремената употреба на rasagiline со селективни инхибитори на серотонинското и норепинефринското ре-преземање (SSRIS, SNRIS), трициклични антидепресиви и тетрациклични антидепресиви може да резултира со зголемен ризик од манифестација на несакани ефекти.
Ентакапон
  • Истовремената употреба на rasagiline со ентакапон може да резултира со зголемен орален клиренс на rasagiline.
Инхибитори на CYP450 1A2
  • Истовремената употреба на rasagiline со инхибитори на CYP450 1A2 може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на rasagiline.
Индуктори на CYP450 1A2
  • Истовремената употреба на rasagiline со индуктори на CYP450 1A2 може да резултира со намалување на плазматската концентрација на rasagiline.

Нема податоци.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на rasagiline за време на бременост. 
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со rasagiline

Нема податоци.

Многу чести
  • Главоболка, дискинезија.
Чести
  • Инфлуенца, карцином на кожа, леукопенија, алергија, депресија, халуцинации, конјуктивитис, вертиго, ангина пекторис, ринитис, флатуленција, дерматитис, артритис, мускулно-скелетна болка, болка во вратот, треска, малаксаност, намален апетит, дистонија, синдром на карпален тунел, нарушување на рамнотежата, ортостатска хипотензија, абдоминална болка, опстипација, мачнина, вомитус, сува уста, артралгија, осип, намалена телесна тежина.
Помалку чести
  • Намален апетит, цереброваскуларен инсулт, инфаркт на миокардот, визикулубулозно исипување, меланом на кожа, конфузија, ангина пекторис.
Ретки

/

Многу ретки

/

Непознати
  • Нарушена контрола на импулси, серотонински синдром, сонливост, хипертензија.
Симптоми
  • Хипоманија, хипертензија и серотонински синдром.
Третман
  • Симптоматски и супортивен третман.

Поради можност од нарушување на психофизчката способност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини. 

Задолжително проверете го рокот на употреба, начинот и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:N04BD02
Генерично име:rasagiline
Латинично име:Rasagiline tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:1 mg таблета (28 таблети (Al/Al блистер)/кутија)
Производител:БЕЛУПО дооел
Носител на одобрение:BELUPO lijekovi i kozmetika d.d., Копривница, Хрватска