Механизмот на дејство на rasagiline е поврзан со неговата инхибиторна активност на ензимот МАО-Б, што предизвикува зголемување на екстрацелуларните нивоа на допамин во стриатумот. Зголеменото ниво на допамин и последователната зголемена допаминергична активност посредуваат во корисните ефекти на rasagiline, забележани во моделите на допаминергична моторна дисфункција.
Препорачана доза на rasagiline е 1mg дневно, која се зема со или без леводопа.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Се препорачува прилагодување на дозата кај пациенти со лесно хепатално нарушување;
- Кај пациенти со тешко хепатално нарушување, употребата на лекот е контраиндицирана.
Поради можност од нарушување на психофизчката способност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба, начинот и условите на чување означени на надворешното пакување.