Лек: SEVORANE

  • ATC код:N01AB08
  • Компанија:ФАРМА ТРЕЈД дооел
  • Доза:250 ml пареа за инхалирање, течност (1 PE шише х 250 ml/кутија)
Воведување и одржување на општа анестезија кај возрасни и деца, за хоспитални и амбулаторни оперативни интервенции

Sevoflurane индуцира мускулна релаксација и ја намалува сензитивноста на ткивата преку механизам на контрола на јонскиот транспорт преку трансмембранските јонски пумпи кои се одговорни за генерирање на акциониот потенцијал. 

Анестезија за изведување на хируршки интервенции
  • Sevoflurane се администрира со помош на вапоризер, специјално калибриран за sevoflurane; вредностите за МАС (минимална алвероларна концентрација) за sevoflurane се намалуваат со зголемување на возраста и додавање на азотен  оксид. 

Табела 1. Приказ на средните вредности на МАС за различни возрасни групи на пациенти

МАС (минимална алвеоларна концентрација) вредности кај возрасни и педијатриски пациенти според возраста

Возраст на пациент (години)

% на sevoflurane во кислород

Sevoflurane во 65% N20/35%O2

0 - 1 месец*

3.3 %

 

1 - 6 месеци

3.0 %

 

6 месеци - ≤ 3 години

2.8 %

2.0 %**

3 - 12 години

2.5 %

 

25 години

2.6 %

1.4 %

40 години

2.1 %

1.1 %

60 години

1.7 %

0.9 %

80 години

1.4 %

0.7 %

 

*новородени - родени во термин

**кај педијатриски пациенти на возраст 6 месеци - 3 години е користен 60% N2O/40% O2.

Вовед во анестезија
  • Кратко-делувачки барбитурати или други интравенски-администрирани  медицински производи за вовед во анестезија може да бидат администрирани пред инхалација на sevoflurane
  • Кај возрасни, администрирање на sevoflurane во концетрации до 5% вообичаено предизвикуваат хируршка анестезија за помалку од 2 минути; 
  • Кај деца, администрирање на sevoflurane во концетрации до 7% вообичаено предизвикуваат хируршка анестезија за помалку од 2 минути; 
  • За пациенти без премедикација, може да се употребат концентрации на sevoflurane и до 8%.
Одржување на анестезија
  • Нивоата на анестезираност потребни за изведување на хируршки интервенции може да бидат одржувани со инхалирање на 0.5 - 3% sevoflurane, со или без истовремена употреба на азотен оксид.
Будење од анестезија
  • Будењето од анестезија со администрација на sevoflurane е брзо; поради тоа, кај овие пациенти можна е потреба од порана постоперативна администрација на аналгетици.
  • Хиперсензитивност кон sevoflurane;
  • Пациенти со позната или постоечка можна генетска предиспозиција за појава на малигна хипертермија; 
  • Пациенти кај кои е контраиндицирана општа анестезија.
α- и β-симпатомиметици
  • Истовремената употреба на sevoflurane со α- и β-симпатомиметици може да резултира со појава на вентрикуларна аритмија.

Неселективни MAO-инхибитори
  • Истовремената употреба на sevoflurane со неселективни МАО-инхибитори може да резултира со зголемен ризик за кризи за време на операцијата.

Деривати на дихидропиридин (блокатори на калциумови канали)
  • Истовремената употреба на sevoflurane со деривати на дихидропиридин (блокатори на калциумови канали) може да резултира со хипотензија и со негативен инотропен ефект.

Сукцинилхолин
  • Истовремената употреба на sevoflurane со сукцинилхолин може да резултира со покачување на серумските нивоа на калиум кои водат до срцеви аритмии и летален исход кај педијатриски пациенти во постоперативен период.
Симпатомиметици со индиректно дејство
  • Истовремената употреба на sevoflurane со симпатомиметици со индиректно дејство може да го зголеми ризикот од појава на акутна хипертензивна криза.
β-блокатори
  • Sevoflurane може да го зголеми негативниот инотропен, хронотропен и дромотропен ефект на β-блокаторите.
Верапамил
  • Истовремената употреба на sevoflurane со верапамил може да резултира со нарушување на атриовентилкуларното спроведување.
Индуктори на CYP450 2E1
  • Истовремената употреба на sevoflurane со индуктори на CYP450 2E1 може да резултира со зголемен метаболизам на sevoflurane.
Кантарион
  • Истовремената употреба на sevoflurane со кантарион може да резултира со појава на тешка хипотензија и тешко будење.
Бензодиазепини и опиоиди
  • Истовремената употреба на sevoflurane со бензодиазепини или опиоиди ја намалува МАС на sevoflurane како и на останатите инхалациони анестетици; 
  • Алфентанил и суфентанил администрирани истовремено со sevoflurane може да доведат до синергистичко намалување на срцевата фреквенција, хипотензија и намалување на бројот на респирации.
Азот оксид
  • Истовремената употреба на sevoflurane со азотен оксид може да резулитра со намалена МАС на sevoflurane.

Нема податоци.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на sevoflurane за време на бременост. 
Доење
  • Не се препорачува доење за време на употреба на sevoflurane

Нема податоци.

Многу чести
  • Агитација, брадикардија, хипотензија, кашлица, наузеа.
Чести
  • Сомнолентност, вртоглавица, главоболка, тахикардија, хипертензија, респираторни тегоби, ларингоспазам, хиперсаливација, морници, треска, хипотермија, абнормално ниво на глукоза во крв, абнормални резултати од тестовите хепатална функција, абнормален број на леукоцити, зголемено ниво на AST, зголемено ниво на флуориди во крвта. 
Помалку чести
  • Леукопенија, леукоцитоза, конфузност, целосен атриовентикуларен блок, атријална фибрилација, аритмии, вентрикуларни екстрасистоли, суправентрикуларни систоли, екстрасистоли, апнеа, хипоксија, астма, уринарна ретенција, гликозурија.
Ретки

/

Многу ретки

/

Непознати
  • Анафилактичка реакција, хиперсензитивност, конвулзии, дистонија, кардијален арест, пролонгиран QT-интервал со torsades de pointes, бронхоспазам, диспнеа, отежнато дишење, белодробен едем, акутна ренална инсуфициенција, хепатит, хепатално нарушување, хепатална некроза, контактен дерматитис, пруритус, осип, лицев едем, уртикарија, мускулни грчеви, болка во градите, малигна хипертермија, зголемено ниво на ALT, зголемено ниво на креатинин во крвта, зголемено ниво на LDH во крвта.

Во случај на предозирање, потребно е да се обезбеди проодност на респираторните патишта и да се воспостави контролирана вентилација со чист кислород. 

Пациентите не треба да ги извршуваат наведените активности по анестезија со sevoflurane.

Задолжително проверете го рокот на употреба, начинот и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:N01AB08
Генерично име:sevoflurane
Латинично име:Sevoflurane vapor for inhalation, liquid
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:250 ml пареа за инхалирање, течност (1 PE шише х 250 ml/кутија)
Производител:ФАРМА ТРЕЈД дооел
Носител на одобрение:ABBVIE S.r.l., Камповерде Ди Априлиа, Италија