Воведување и одржување на општа анестезија кај возрасни и деца, за хоспитални и амбулаторни оперативни интервенции
Sevoflurane индуцира мускулна релаксација и ја намалува сензитивноста на ткивата преку механизам на контрола на јонскиот транспорт преку трансмембранските јонски пумпи кои се одговорни за генерирање на акциониот потенцијал.
Анестезија за изведување на хируршки интервенции
- Sevoflurane се администрира со помош на вапоризер, специјално калибриран за sevoflurane; вредностите за МАС (минимална алвероларна концентрација) за sevoflurane се намалуваат со зголемување на возраста и додавање на азотен оксид.
Табела 1. Приказ на средните вредности на МАС за различни возрасни групи на пациенти
МАС (минимална алвеоларна концентрација) вредности кај возрасни и педијатриски пациенти според возраста
|
Возраст на пациент (години)
|
% на sevoflurane во кислород
|
Sevoflurane во 65% N20/35%O2
|
0 - 1 месец*
|
3.3 %
|
|
1 - 6 месеци
|
3.0 %
|
|
6 месеци - ≤ 3 години
|
2.8 %
|
2.0 %**
|
3 - 12 години
|
2.5 %
|
|
25 години
|
2.6 %
|
1.4 %
|
40 години
|
2.1 %
|
1.1 %
|
60 години
|
1.7 %
|
0.9 %
|
80 години
|
1.4 %
|
0.7 %
|
*новородени - родени во термин
**кај педијатриски пациенти на возраст 6 месеци - 3 години е користен 60% N2O/40% O2.
Вовед во анестезија
- Кратко-делувачки барбитурати или други интравенски-администрирани медицински производи за вовед во анестезија може да бидат администрирани пред инхалација на sevoflurane;
- Кај возрасни, администрирање на sevoflurane во концетрации до 5% вообичаено предизвикуваат хируршка анестезија за помалку од 2 минути;
- Кај деца, администрирање на sevoflurane во концетрации до 7% вообичаено предизвикуваат хируршка анестезија за помалку од 2 минути;
- За пациенти без премедикација, може да се употребат концентрации на sevoflurane и до 8%.
Одржување на анестезија
- Нивоата на анестезираност потребни за изведување на хируршки интервенции може да бидат одржувани со инхалирање на 0.5 - 3% sevoflurane, со или без истовремена употреба на азотен оксид.
Будење од анестезија
- Будењето од анестезија со администрација на sevoflurane е брзо; поради тоа, кај овие пациенти можна е потреба од порана постоперативна администрација на аналгетици.
Во случај на предозирање, потребно е да се обезбеди проодност на респираторните патишта и да се воспостави контролирана вентилација со чист кислород.
Пациентите не треба да ги извршуваат наведените активности по анестезија со sevoflurane.
Задолжително проверете го рокот на употреба, начинот и условите на чување означени на надворешното пакување.