Напреден оваријален карцином од епително потекло
Ситно-клеточен карцином на белите дробови
Carboplatin претставува антинеопластичен алкилирачки агенс кој делува преку механизам на прикачување на алкил-групите за DNA-нуклеотидите, што резултира со фрагментација на DNA-молекулот на канцер-клетката, со неможност на репарирачките ензими да ја поправат грешката во структурата на DNA. Ова резултира со инхибиција на синтеза на DNA, RNA и протеини и апоптоза на брзо-растечките канцер-клетки.
Препорачана доза на carboplatin е 400 mg/m2, администрирана во облик на еднократна интравенска инфузија, во времетраење од 15 - 60 минути.
Посебни популацииПостари пациенти
- Потребно е прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетувањеТабела 2. Прилагодување на дозата на carboplatin врз основа на креатинин клиренсот
Базален креатинин клиренс (mL/min)
|
Почетна доза (ден 1)
|
41 – 59
|
250 mg/m2
|
16 – 40
|
200 mg/m2
|
Пациенти со хепатално оштетување
Прилагодување на дозата Табела 1. Прилагодување на дозата на carboplatin
Таргет AUC
|
Планирана хемотерапија
|
Статус на третманот на пациентот
|
5 – 7 mg/mL/min
|
Carboplatin монотерапија
|
Нетретирани
|
4 – 6 mg/mL/min
|
Carboplatin монотерапија
|
Третирани
|
4 – 6 mg/mL/min
|
Carboplatin + циклофосфамид
|
Нетретирани
|
Carboplatin има негативно влијание врз машката и женската репродуктивност.
Поради можност од појава на мачнина, наузеа, вомитус, визуелни нарушувања и ототоксичност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.