Лек: Окситоцин Гриндекс

  • ATC код:H01BB02
  • Компанија:Галинос Фарм ДОО ИЛИНДЕН
  • Доза:5 IU/mL раствор за инјектирање или инфундирање
Антепартум
Индукција на породување од медицински причини
  • Применливо при случаи на задоцнета бременост, предвремено кинење на мембраните или прееклампсија.
Стимулација на породувањето при хипотонична инерција на утерусот
Адјувантна терапија за третман на нецелосен, неизбежен или пропуштен абортус
  • Применливо во рана фаза од бременоста.
Постпартум
За време на царски рез
Превенција и третман на постпартална атонија и хеморагија на утерусот

Oxytocin претставува хормон кој се создава во хипоталамусот и кој се секретира од страна на паравентрикуларните јадра до постериорниот дел на хипофизата, каде истиот се складира и од каде потоа се ослободува за време на породувањето со цел индукција на контракции на утерусот. Концентрацијата на окситоцинските рецептори на ниво на миометриумот се зголемува за време на бременоста и нивната активација резултира со зголемување на интрацелуларната концентрација на калциумови јони во миофибрилите на утерусот, како резултат на што се зголемува фреквенцијата на контракциите на утерусот.

Индукција или стимулација на породување
  • Oxytocin се администрира во форма на интравенска инфузија капка-по-капка или со помош на пумпа за инфузија со променлива брзина; 
  • За инфузијата капка-по-капка се препорачува да се додадат 5 IU oxytocin во 500mL физиолошки електролитен раствор; 
  • Почетната стапка на инфузијата се поставува на 1 - 4 милиединици во минута (2 - 8 капки во минута), со постепено зголемување од 1 - 2 милиединици во минута на интервали од најмалку 20 минути; 
  • При бременост што е близу терминот за породување, се препорачува стапка на инфундирање од 10 милиединици во минута (20 капки во минута). 
Царски рез
  • Препорачана доза е 1mL oxytocin администрирана во облик на интравенска инфузија капка-по-капка или со помош на пумпа за инфундирање (5 IU/mL). 
Превенција на постпартална хеморагија
  • Препорачана вообичаена доза на oxytocin e 5 IU, администрирана во облик на интравенска инфузија капка-по-капка или со помош на пумпа за инфундирање со променлива брзина во текот на 5 минути; алтернативно, 5 - 10 IU може да се администрираат интрамускулно, по породувањето.
Третман на постпартална хеморагија
  • Препорачана доза на oxytocin e 5 IU, администрирана во облик на интравенска инфузија капка-по-капка или со помош на пумпа за инфундирање со променлива брзина во текот на 5 минути; алтернативно, 5 - 10 IU oxytocin може да се администрираат интрамускулно, проследени со интравенска инфузија на раствор кој содржи 5 - 20 IU oxytocin во 500mL електролитен растворувач.
Нецелосен, неизбежен или пропуштен абортус
  • Препорачана доза на oxytocin e 5 IU, администрирани во облик на интравенска инфузија капка-по-капка или со помош на пумпа за инфундирање со променлива брзина, во тек на 5 минути, по потреба проследена со интравенска инфузија со брзина од 20 - 40 милиединици во минута. 
  • Хиперсензитивност кон oxytocin
  • Механичка опструкција при породувањето; 
  • Фетален дистрес; 
  • Хипертонични контракции на утерусот; 
  • Значителна цефалопелвична диспропорција; 
  • Малпрезентација на фетусот; 
  • Placenta praevia и vasa praevia
  • Плацентарна абрупција; 
  • Презентација или пролапс на папочната врвца; 
  • Прекумерна дистензија или нарушена отпорност на руптура на утерусот; 
  • Полихидроамнион; 
  • Голем мултипаритет; 
  • Лузна на утерусот како резултат на голема операција (вклучувајќи класичен царски рез);
  • Пациенти со инерција на утерусот отпорна на oxytocin
  • Тешка преекламптична токсемија; 
  • Тешки кардиоваскуларни нарушувања; 
  • Администрација на oxytocin 6 часа по администрација на вагинални простагландини.
Простагландини
  • Истовремената употреба на oxytocin со простагландини и нивни аналози може да резултира со потенцирање на терапевтското дејство на простагландините на ниво на утерусот. 
Лекови кои го продолжуваат QT-интервалот
  • Истовремената употреба на oxytocin со антиаритмици од класа Ia или класа III може да го зголеми ризикот од продолжување на QT-интервалот и од torsades de pointes.
Инхалациони анестетици
  • Истовремената употреба на oxytocin со инхалациони атестетици како циклопропан, халотан, севофлуран или десфлуран може да резултира со значителна инхибиција на тонусот на утерусот и со намалување на утеротоничниот ефект на oxytocin.
Вазоконстриктори / симпатомиметици
  • Истовремената употреба на oxytocin со вазоконстрикторни лекови може да резултира со потенцирање на вазопресорните ефекти на вазоконстрикторите и на симпатомиметиците.
Каудални анестетици
  • Истовремената употреба на oxytocin со анестетици кои предизвикуваат каудален блок може да резултира со потенцирање на вазопресорниот ефект на каудалните анестетици.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на oxytocin за време на бременост, со исклучок на постоење на конкретна индикација!
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со oxytocin.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Наузеа, вомитус, тахикардија, брадикардија, главоболка.
Помалку чести
  • Аритмија.
Ретки
  • Осип, уртикарија, анафилактоидни реакции асоцирани со диспнеа, хипотензија и шок.
Многу ретки

/

Непознато
  • Дисеминирана интраваскуларна коагулација, интоксикација со вода, хипонатриемија кај мајката, миокардна исхемија, продолжен QT-интервал, рефлексна тахикардија, хипотензија, хеморагија, акутен пулмонален едем, поцрвенување, ангиоедем, хипертонус на утерусот, тетанични контракции на утерусот, руптура на утерусот, синдром на фетален дистрес, асфиксија и фетална смрт, неонатална хипонатриемија. 
Симптоми
  • Фетален дистрес (фетална брадикардија, амнионска течност обоена со мекониум, асфиксија), хипертоничност, тетанични контракции, руптура на утерусот, интоксикација со вода, васкуларен спазам, хипертензија, хипоосмоларност, церебрален едем.
Третман
  • Администрација на диуретици (манитол или фуросемид) во случај на ретенција на течности; 
  • Симптоматски и супортивен третман.

Нема податоци.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:H01BB02
Генерично име:oxytocin
Латинично име:Oxytocin solution for injection or infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:5 IU/mL раствор за инјектирање или инфундирање
Производител:Галинос Фарм ДОО ИЛИНДЕН
Носител на одобрение:Joint Stock Company GRINDEKS, Рига, Латвија