АнтепартумИндукција на породување од медицински причини
- Применливо при случаи на задоцнета бременост, предвремено кинење на мембраните или прееклампсија.
Стимулација на породувањето при хипотонична инерција на утерусот
Адјувантна терапија за третман на нецелосен, неизбежен или пропуштен абортус
- Применливо во рана фаза од бременоста.
ПостпартумЗа време на царски рез
Превенција и третман на постпартална атонија и хеморагија на утерусот
Oxytocin претставува хормон кој се создава во хипоталамусот и кој се секретира од страна на паравентрикуларните јадра до постериорниот дел на хипофизата, каде истиот се складира и од каде потоа се ослободува за време на породувањето со цел индукција на контракции на утерусот. Концентрацијата на окситоцинските рецептори на ниво на миометриумот се зголемува за време на бременоста и нивната активација резултира со зголемување на интрацелуларната концентрација на калциумови јони во миофибрилите на утерусот, како резултат на што се зголемува фреквенцијата на контракциите на утерусот.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.