Третман и профилакса на пневмонитис предизвикан од Pneumocystis jiroveci
Третман и профилакса на токсиплазмоза
Третман на нокардиоза
Акутна некомплицирана инфекција на уринарен тракт
Акутен otitis media
Акутна егзацербација на хроничен бронхитис
Препорачана доза на sulfamethoxazole, trimetoprim за третман на акутни инфекции кај возрасни пациенти е 2 таблети на секои 12 часа (еквивалентно на 6mg trimetoprim и 20mg sulfamethoxazole).
Препорачана доза на sulfamethoxazole, trimetoprim за третман на акутни инфекции кај адолесценти на возраст од 12 - 17 години е 2 таблети на секои 12 часа (еквивалентно на 6mg trimetoprim и 20mg sulfamethoxazole).
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популацијаПневмонитис предизвикан од Pneumocystis jiroveci
- Препорачана доза на sulfamethoxazole, trimetoprim кај адолесценти на возраст од 12 - 18 години и возрасни пациенти е 20mg trimetoprim и 100mg sulfamethoxazole на kg телесна тежина дневно, администрирана во 2 или повеќе поделени дози, во тек на 2 недели.
Профилакса на пневмонитис предизвикан од Pneumocystis jiroveci
- Препорачана доза на sulfamethoxazole, trimetoprim кај адолесценти на возраст од 12 - 18 години 6mg trimetoprim и 30mg sulfamethoxazole на kg телесна тежина дневно.
Табела 1. Прилагодување на дозата
|
Возраст
|
Препорачан режим на дозирање
|
|
12 – 18 години
|
2 таблети на секои 12 часа, во тек на 7 дена
|
|
2 таблети на секои 12 часа, трипати неделно, секој втор ден
|
|
2 таблети на секои 12 часа, во тек на 3 последователни денови
|
|
4 таблети дневно, во тек на 3 последователни денови
|
Пациенти со ренално оштетувањеТабела 2. Прилагодување на дозата
|
Креатинин клиренс (mL/min)
|
Препорачана доза
|
|
>30
|
2 таблети на секои 12 часа
|
|
15 – 30
|
1 таблета на секои 12 часа
|
|
< 15
|
Употребата е контраиндицирана
|
Пациенти со хепатално оштетување
Профилакса на пневмонитис предизвикан од Pneumocystis jiroveci
- Препорачана доза на sulfamethoxazole, trimetoprim кај возрасни пациенти е 160mg trimetoprim + 800mg sulfamethoxazole дневно, во тек на 7 дена;
- Алтернативно, може да се примени режим на дозирање кој опфаќа администрација на 160mg trimetoprim + 800mg sulfamethoxazole дневно, трипати неделно секој втор ден или 320mg trimetoprim + 1600mg sulfamethoxazole дневно, во 2 поделени дози, трипати неделно секој втор ден.
Нокардиоза
- Препорачана доза на sulfamethoxazole, trimetoprim кај возрасни пациенти е 6 - 8 таблети дневно, во тек на 3 месеци.
Се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.