Лек: ZARACET

20 филм-обложени таблети (блистер 2 х 10)/кутија

  • ATC код:N02AX02
  • Компанија:BELUPO lijekovi i kozmetika d.d., Копривница, Хрватска
  • Доза:37,5 mg/325 mg филм обложена таблета
Tретман на умерена и силна болка од различно потекло
  • Постоперативни состојби, трауми, малигноми, разни воспалителни процеси во абдоменот, колики, невралгии, породување, како и инфаркт на миокардот.

Tramadol е аналгетик со силно централно дејство, кој покажува силен афинитет за врзување со µ-опиоидните рецептори и делува преку механизам на инхибиција на ре-преземањето на норепинефринот и на серотонинот, со што го олеснува инхибиторниот ефект врз трансмисијата на болката.

Препорачана доза на tramadol е 1 – 2 таблети со продолжено ослободување дневно. Дозите треба да се земаат на 12 часа, наутро и навечер, независно од оброците и со многу течност.

Не се препорачува примена на дози повисоки од 400mg дневно, освен кај пациенти со карциноми и кај пациентите со тешки постоперативни болки, кај кои дневната доза може да се зголеми и до 600mg.

Посебни популации
Постари пациенти (65 - 75 години)
  • Не е потребно прилагодување на дозата на tramadol.
Педијатриска популација
  • Употребата на tramadol кај деца на возраст под 12 години е контраиндицирана.
Пациенти со ренално оштетување
  • Препорачливо е намалување на дозата на tramadol и продолжување на интервалот на дозирање кај пациенти со ренална инсуфициенција;
  • Пациентите со креатинин клиренс < 30 mL/min треба да примаат tramadol на секои 12 часа и не повеќе од 200mg дневно;
  • Употребата на tramadol кај пациенти со сериозна ренална инсуфициенција (креатинин клиренс < 10 mL/min) е контраиндицирана.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Препорачана доза на tramadol е 50mg на секои 12 часа.
  • Хиперсензитивност кон tramadol;
  • Деца на возраст < 14 години;
  • Акутна интоксикација со алкохол, аналгетици, хипнотици, опијати и психотропни супстанци;
  • Употреба на МАО-инхибитори (истовремена или во тек на последните 14 дена);
  • Несоодветно контролирана епилепсија со терапија;
  • Терапија за одвикнување од наркотици.
МАО-инхибитори
  • Истовремената употреба на tramadol со лекови од групата на МАО-инхибитори може да резултира со манифестирање на сериозни несакани реакции.

Депресанти на CNS и алкохол
  • Истовремената употреба на tramadol со алкохол или со лекови од групата на депресанти на CNS може да резултира со потенцирање на несаканите ефекти на овие лекови.
Карбамазепин
  • Истовремената употреба на tramadol со карбамазепин може да резултира со зголемување на метаболизмот на tramadol, намалување на неговиот аналгетичен ефект и скратување на времетраењето на неговото дејство.

Трициклични антидепресиви, селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање (SSRIs), селективни инхибитори на ре-преземањето на серотонин-норепинефрин (SNRIs), антипсихотици и невролептици
  • Истовремената употреба на tramadol со лекови од групата на трициклични антидепресиви, селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање (SSRIs), селективни инхибитори на ре-преземањето на серотонин-норепинефрин (SNRIs), антипсихотици и невролептици може да го зголеми ризикот од појава на конвулзии.
Инхибитори на CYP450 3A4
  • Истовремената употреба на tramadol со лекови од групата на инхибитори на CYP450 3A4, како што се кетоконазол и еритромицин, може да резултира со инхибиција на метаболизмот на tramadol.
Кумарински деривати (варфарин)
  • Истовремената употреба на tramadol со кумарински деривати, како што е варфаринот, може да резултира со зголемување на INR-вредноста (International Normalized Ratio), a последователно на тоа и зголемување на ризикот од обилно крварење. 
Опиоиди и седативи
  • Истовремената употреба на tramadol со опиоиди и седативи може да го зголеми ризикот од седација, респираторна депресија, кома и летален исход, поради адитивниот депресивен ефект на CNS.
Сок од грејпфрут
  • Истовремената употреба на tramadol со грејпфрут или сок од грејпфрут може да резултира со зголемување на серумските нивоа на tramadol поради инхибиција на неговиот метаболизам. 
Бременост
  • Не се препорачува употреба на tramadol за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на третманот со tramadol.

Нема влијание.

Многу чести
  • Вертиго, наузеа, вомитус, дијареа, сува уста.

Чести
  • Главоболка, прекумерно потење.

Помалку чести
  • Анорексија, анксиозност, конфузија, поспаност, вазодилатација, диспепсија, абдоминална болка, флатуленција, кожен осип, пруритус, уринарна ретенција, зголемена фреквенција на уринирање, знаци на менопауза, менструални нарушувања.

Ретки
  • Еуфорија, емоционална нестабилност, нарушување на сонот, когнитивни нарушувања, халуцинации, амнезија, проблеми со координацијата, конвулзии, парестезија, тремор, нарушување на концентрацијата, тахикардија, палпитации, кардиоваскуларен колапс, синкопа, ортостатска хипотензија, хипертензија, проблеми со голтање, ангиоедем, уртикарија, зголемен мускулен тонус, дисурија, неправилно движење, астенија, намалување на телесната тежина.
Многу ретки
  • Нарушување на видот.
Непознато

/

Симптоми
  • Миоза, вомитус, кардиоваскуларен колапс, нарушување на свеста – до кома, конвулзии, респираторна депресија и респираторен арест.

Третман
  • Одржување на виталните функции – респирација и циркулација.
  • Налоксонот може да подобри дел од симптомите на интоксикација (централните и респираторните депресивни ефекти), но не ги подобрува конвулзиите.
  • При интоксикација настаната по орален пат, препорачлива е гастрична лаважа или употреба на активен јаглен, но само во првите 2 часа по земањето на tramadol.

Tramadol има влијание врз психофизичката способност, поради што се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:N02AX02
Генерично име:tramadol
Латинично име:Tramadol prolonged-release tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:37,5 mg/325 mg филм обложена таблета
Производител:BELUPO lijekovi i kozmetika d.d., Копривница, Хрватска
Носител на одобрение:BELUPO lijekovi i kozmetika d.d., Копривница, Хрватска