Tramadol е аналгетик со силно централно дејство, кој покажува силен афинитет за врзување со µ-опиоидните рецептори и делува преку механизам на инхибиција на ре-преземањето на норепинефринот и на серотонинот, со што го олеснува инхибиторниот ефект врз трансмисијата на болката.
Препорачана доза на tramadol е 1 – 2 таблети со продолжено ослободување дневно. Дозите треба да се земаат на 12 часа, наутро и навечер, независно од оброците и со многу течност.
Не се препорачува примена на дози повисоки од 400mg дневно, освен кај пациенти со карциноми и кај пациентите со тешки постоперативни болки, кај кои дневната доза може да се зголеми и до 600mg.
Посебни популацииПостари пациенти (65 - 75 години)
- Не е потребно прилагодување на дозата на tramadol.
Педијатриска популација
- Употребата на tramadol кај деца на возраст под 12 години е контраиндицирана.
Пациенти со ренално оштетување
- Препорачливо е намалување на дозата на tramadol и продолжување на интервалот на дозирање кај пациенти со ренална инсуфициенција;
- Пациентите со креатинин клиренс < 30 mL/min треба да примаат tramadol на секои 12 часа и не повеќе од 200mg дневно;
- Употребата на tramadol кај пациенти со сериозна ренална инсуфициенција (креатинин клиренс < 10 mL/min) е контраиндицирана.
Пациенти со хепатално оштетување
- Препорачана доза на tramadol е 50mg на секои 12 часа.
Tramadol има влијание врз психофизичката способност, поради што се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.