Терапија на хипертриглицеридемија, со или без високо ниво на HDL холестерол
Мешана хиперлипидемија каде статините се контраиндицирани
Мешана хипрлипидемија кај пациенти со висок кардиоваскуларен ризик, во комбинација со статин
Fenofibrate го активира α-рецепторот активиран од пролифератор на пероксизом (PPARα), ја зголемува липолизата, ја активира липопротеинската липаза и го намалува нивото на апопротеинот C-III. PPARα е нуклеарен рецептор и неговото активирање ги менува липидите, гликозата и аминокиселините. PPARα ги активира генската транскрипција и транслација кои генерираат пероксизоми исполнети со водороден пероксид, реактивни видови кислород и хидроксилни радикали кои исто така учествуваат во липолизата.
Препорачана доза на fenofibrate е 145mg дневно.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Употребата на лекот е контраиндицирана.
Пациенти со ренално оштетување
- Препорачана доза на fenofibrate кај пациенти со умерена ренална исуфициенција (креатинин клиренс од 30 – 60 mL/min) е 100mg дневно;
- Упоребата на лекот кај пациенти со тешка ренална инсуфициенција (креатинин клиренс < 30 mL/min) е контраиндицирана.
Пациенти со хепатално оштетување
- Употребата на лекот е контраиндицирана.
Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.
Задолжително проверете го рокот на употреба, начинот и условите на чување означени на надворешното пакување.