Лек: Верапамил Алкалоид

  • ATC код:C08DA01
  • Компанија:АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ- фармацевтска, хемиска, козметичка индустрија-Скопје, Република Северна Македонија
  • Доза:40mg обложени таблети
Блага до умерена хипертензија и ренална хипертензија
Третман и профилакса на ангина пекторис
Третман и профилакса на пароксизмална суправентрикуларна тахикардија и намалување на вентрикуларната фреквенција кај атријална фибрилација / атријален флатер
Симптоматска коронарна болест
Хронична стабилна ангина пекторис
Нестабилна ангина пекторис (ангина во мирување)
Вазоспастична ангина пекторис
Ангина пекторис после миокарден инфаркт

Verapamil претставува блокатор на калциумови канали и антиаритмик од IV класа, кој делува преку механизам на инхибиција на инфлуксот на калциумови јони преку калциумовите канали сместени на мембраните на клетките на васкуларните мазните мускули (на ѕидот на системските и коронарните артерии), во миокардијалните клетки и во клетките на кардијалниот спроводен систем. Со блокирањето на калциумовите канали се постигнува намалување на срцевиот автоматизам, се намалува кардијалната спроводливост и се продолжува рефракторниот период.

Препорачаната дневна доза на verapamil се движи од 240 - 360 mg. 

Посебни популации
Постари пациенти
  • Нема податоци.
Педијатриска популација
Деца на возраст под 6 години
  • Препорачана доза на verapamil е 80 - 120 mg, поделена во 2 - 3 дози, односно на 8 - 12 часа. 
Деца на возраст од 6 - 14 години
  • Препорачана доза на verapamil е 80 - 360 mg, поделена во 2 - 4 дози, односно на 6 - 12 часа. 
Пациенти со ренално оштетување
  • Потребно е прилагодување на дозата. 
Пациенти со хепатално оштетување
  • Потребно е прилагодување на дозата. 
Хипертензија
  • Препорачана почетна доза на verapamil е 120 - 360 mg, поделена во 3 дози, односно на секои 8 часа. 
Симптоматска коронарна болест
  • Препорачана доза на verapamil е 120 - 480 mg, поделена во 3 - 4 дози, односно на секои 6 - 8 часа. 
Нарушување на спроводниот систем на срцето
  • Препорачана доза на verapamil е 120 - 480 mg, поделена во 3 поединечни дози, односно на секои 8 часа. 
  • Хиперсензитивност кон verapamil
  • Хипотензија (систолен притисок помал од 90 mmHg); 
  • Кардиоваскуларен шок;
  • Втор или трет степен на атриовентрикуларен блок;
  • Синдром на болен синусен јазол; 
  • Декомпензирана срцева инсуфициенција; 
  • Значителна брадикардија; 
  • Истовремена употреба на β-блокатори кај пациенти со слаба вентрикуларна функција; 
  • Wolff-Parkinson-White синдром; 
  • Истовремена ингестија на сок од грејпфрут; 
  • Акутен миокарден инфаркт комплициран со брадикардија, значителна хипотензија или слабост на левата комора; 
  • Истовремена употреба на ивабрадин.
Колхицин
  • Истовремената употреба на verapamil со колхицин може да резултира со парализа (тетрапареза).
Дигоксин
  • Истовремената употреба на verapamil со дигоксин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на дигоксин. 
Инхибитори на CYP450 2C9
  • Истовремената употреба на verapamil со инхибитори на CYP450 3A4 може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на verapamil
Индуктори на CYP450 3A4
  • Истовремената употреба на verapamil со индуктори на CYP450 3A4 може да резултира со намалување на плазматската концентрација на verapamil
Супстрати на CYP450 3А4 и Р-гликопротеин
  • Истовремената употреба на verapamil со супстрати на CYP450 3A4 и Р-гликопротеин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на овие лекови.
α-адренергични антагонисти
  • Истовремената употреба на verapamil со α-адренергични антагонисти како празосин и теразосин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на α-адренергичните антагонисти и потенцирање на антихипертензивниот ефект. 
Антиаритмици
  • Истовремената употреба на verapamil со антиаритмици како флекаинид и квинидин може да резултира со намалување на клиренсот на антиаритмиците.
Антиастматици
  • Истовремената употреба на verapamil со антиастматици како теофилин може да резултира со намалување на клиренсот на теофилин.
Антиепилептици
  • Истовремената употреба на verapamil со антиепилептици како карбамазепин и фенитоин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на антиепилептиците, односно намалување на плазматската концентрација на verapamil.
Имипрамин
  • Истовремената употреба на verapamil со имипрамин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на имипрамин.
Антидијабетици
  • Истовремената употреба на verapamil со антидијабетици како глибурид и метформин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на глибурид, односно намалување на терапевтската ефикасност на метформин.
Кларитромицин, еритромицин, телитромицин
  • Истовремената употреба на verapamil со кларитромицин, телитромицин или еритромицин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на verapamil
Рифампицин
  • Истовремената употреба на verapamil со рифампицин може да резултира со намалување на плазматската концентрација и оралната биорасположливост на verapamil
Доксорубицин
  • Истовремената употреба на verapamil со доксорубицин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на доксорубицин кај пациенти со микроцелуларен пулмонален карцином. 
Фенобарбитал
  • Истовремената употреба на verapamil со фенобарбитал може да резултира со зголемување на клиренсот на verapamil
Анксиолитици
  • Истовремената употреба на verapamil со анксиолитици како буспирон или мидазолам може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на анксиолитиците. 
β-блокатори
  • Истовремената употреба на verapamil со β-блокатори како метопролол или пропранолол може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на β-блокаторите. 
Кардијални гликозиди
  • Истовремената употреба на verapamil со кардијални гликозиди како дигоксин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на дигоксин. 
Н2-хистаминергични антагонисти
  • Истовремената употреба на verapamil со Н2-хистаминергични антагонисти како циметидин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на verapamil
Имуносупресиви
  • Истовремената употреба на verapamil со имуносупресиви како циклоспорин, еверолимус, такролимус или сиролимус може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на имуносупресивите. 
Инхибитори на HMG-CoA-редуктаза
  • Истовремената употреба на verapamil со инхибитори на HMG-CoA-редуктаза, како симвастатин, ловастатин или аторвастатин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на статините. 
Алмотриптан
  • Истовремената употреба на verapamil со алмотриптан може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на алмотриптан. 
Сулфинпиразон
  • Истовремената употреба на verapamil со сулфинпиразон може да резултира со зголемување на клиренсот на verapamil
Дабигатран
  • Истовремената употреба на verapamil со дабигатран може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на дабигатран.
Ивабрадин
  • Истовремената употреба на verapamil со ивабрадин може да резултира со потенцирање на ефектот на брадикардија.
Кантарион
  • Истовремената употреба на verapamil со кантарион може да резултира со намалување на плазматската концентрација на verapamil
Антихипертензиви, диуретици, вазодилататори
  • Истовремената употреба на verapamil со некои антихипертензиви, диуретици или вазодилататори може да резултира со потенцирање на антихипертензивниот ефект. 
HIV-антивирусни лекови
  • Истовремената употреба на verapamil со ритонавир може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на verapamil
Литиум
  • Истовремената употреба на verapamil со литиум може да резултира со потенцирање на невротоксичните ефекти на литиумот. 
Невромускулни блокатори
  • Истовремената употреба на verapamil со невромускулни блокатори може да резултира со потенцирање на невромускулната блокада.
Аспирин
  • Истовремената употреба на verapamil со аспирин може да резултира со зголемена тенденција за крварење. 
Алкохол
  • Истовремената употреба на verapamil со алкохол може да резултира со потенцирање на седативниот ефект на алкохолот. 
Сок од грејпфрут
  • Истовремената употреба на verapamil со сок од грејпфрут може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на verapamil
Бременост
  • Не се препорачува употреба на verapamil за време на бременост. 
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со verapamil

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Главоболка, вертиго, брадикардија, хипотензија, црвенило, опстипација, наузеа, периферен едем, нервоза, зашеметеност, невропатија, срцеа инсуфициенција, влошување на постоечка срцева инсуфициенција, ортостатска хипотензија, еритромелалгија.
Помалку чести
  • Палпитации, тахикардија, абдоминална болка, замор, алергиски хепатитис со реверзибилно зголемување на плазматската концентрација на хепаталните ензими, намалена глукозна толеранција.
Ретки
  • Парестезија, тремор, сомноленција, тинитус, вомитус, хиперхидроза.
Многу ретки
  • Влошување на симптомите на миастенија гравис, Ламберт-Итонов синдром и напредна Душенова мускулна дистрофија, фотодерматитис.
Непознато
  • Хиперсензитивност, хиперкалиемија, глукозна интолеранција, хипоестезија, периферна невропатија, парализа (тетрапареза), екстрапирамидални нарушувања, спазми, нервоза, вертиго, атриовентрикуларен блок, синус брадикардија, синусен арест, срцев арест, брадиаритмија, кардијална инсуфициенција, асистолија, еритромелалгија, бронхоспазам, диспнеа, илеус, гингивална хиперплазија, абдоминален дискомфорт, абдоминална дистензија, ангиоедем, Stevens-Johnson-ов синдром, еритема мултиформе, макулопапиларен осип, алопеција, пруритус, уртикарија, пурпура, фотосензитивност, еритем, осип, мускулна слабост, мијалгија, артралгија, ренална инсуфициенција, еректилна дисфункција, гинекомастија, галактореа, покачени серумски нивоа на хепаталните ензими, хиперпролактинемија, покачен праг на срцевиот ритам. 
Симптоми
  • Хипотензија, шок, губење на свеста, атриовентрикуларен блок од I и II степен, целосен атриовентрикуларен блок со целосна атриовентрикуларна дисоцијација, escape-ритам, асистолија, синус брадикардија, синусен арест, хипергликемија, метаболна ацидоза и акутен респираторен дистрес синдром. 
Третман
  • Администрација на 10 - 20 mL 10% интравенски раствор на калциум глуконат; 
  • Гастрична лаважа; 
  • Администрација на атропин, изопреналин и орципреналин во случај на атриовентрикуларен блок од II и III степен; 
  • Во случај на асистолија, се применуваат β-адренергични агонисти; 
  • Во случај на миокардна инсуфициенција, се применува допамин, добутамин, кардијални гликозиди или калциум глуконат (10 - 20 mL 10% интравенски раствор); 
  • Симптоматски и супортивен третман.

Поради можност од појава на вртоглавица, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:C08DA01
Генерично име:verapamil
Латинично име:Verapamil coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:40mg обложени таблети
Производител:АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ- фармацевтска, хемиска, козметичка индустрија-Скопје, Република Северна Македонија
Носител на одобрение:АЛКАЛОИД АД, Скопје, Р. Северна Македонија