Блага до умерена хипертензија и ренална хипертензија
Третман и профилакса на ангина пекторис
Третман и профилакса на пароксизмална суправентрикуларна тахикардија и намалување на вентрикуларната фреквенција кај атријална фибрилација / атријален флатер
Симптоматска коронарна болест Хронична стабилна ангина пекторис
Нестабилна ангина пекторис (ангина во мирување)
Вазоспастична ангина пекторис
Ангина пекторис после миокарден инфаркт
Verapamil претставува блокатор на калциумови канали и антиаритмик од IV класа, кој делува преку механизам на инхибиција на инфлуксот на калциумови јони преку калциумовите канали сместени на мембраните на клетките на васкуларните мазните мускули (на ѕидот на системските и коронарните артерии), во миокардијалните клетки и во клетките на кардијалниот спроводен систем. Со блокирањето на калциумовите канали се постигнува намалување на срцевиот автоматизам, се намалува кардијалната спроводливост и се продолжува рефракторниот период.
Препорачаната дневна доза на verapamil се движи од 240 - 360 mg.
Посебни популацииПедијатриска популацијаДеца на возраст под 6 години
- Препорачана доза на verapamil е 80 - 120 mg, поделена во 2 - 3 дози, односно на 8 - 12 часа.
Деца на возраст од 6 - 14 години
- Препорачана доза на verapamil е 80 - 360 mg, поделена во 2 - 4 дози, односно на 6 - 12 часа.
Пациенти со ренално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Хипертензија
- Препорачана почетна доза на verapamil е 120 - 360 mg, поделена во 3 дози, односно на секои 8 часа.
Симптоматска коронарна болест
- Препорачана доза на verapamil е 120 - 480 mg, поделена во 3 - 4 дози, односно на секои 6 - 8 часа.
Нарушување на спроводниот систем на срцето
- Препорачана доза на verapamil е 120 - 480 mg, поделена во 3 поединечни дози, односно на секои 8 часа.
Поради можност од појава на вртоглавица, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.