Блага до умерена хипертензија и ренална хипертензија
Третман и профилакса на ангина пекторис
Третман и профилакса на пароксизмална суправентрикуларна тахикардија и намалување на вентрикуларната фреквенција кај атријална фибрилација / атријален флатер
Симптоматска коронарна болест Хронична стабилна ангина пекторис
Нестабилна ангина пекторис (ангина во мирување)
Вазоспастична ангина пекторис
Ангина пекторис после миокарден инфаркт
Verapamil претставува блокатор на калциумови канали и антиаритмик од IV класа, кој делува преку механизам на инхибиција на инфлуксот на калциумови јони преку калциумовите канали сместени на мембраните на клетките на васкуларните мазните мускули (на ѕидот на системските и коронарните артерии), во миокардијалните клетки и во клетките на кардијалниот спроводен систем. Со блокирањето на калциумовите канали се постигнува намалување на срцевиот автоматизам, се намалува кардијалната спроводливост и се продолжува рефракторниот период.
Препорачаната дневна доза на verapamil се движи од 240 - 360 mg.
Хипертензија
- Препорачана почетна доза на verapamil e 240mg, администрирана наутро; по една недела, дневната доза може да се зголеми до 480mg, односно 240mg наутро и 240mg навечер.
Посебни популацииПостари пациенти Хипертензија
- Препорачана почетна доза на verapamil е 120mg, администрирана наутро.
Пациенти со ренално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Ангина пекторис
- Препорачана доза на verapamil е 120 - 240 mg на секои 12 часа.
Поради можност од појава на вртоглавица, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.