Лек: Паклитакселум Акорд

  • ATC код:L01CD01
  • Компанија:Европа Лек Фарма ДООЕЛ
  • Доза:6 mg/mL концентрат за раствор за инфузија (1 стаклена вијала х 16,7 ml/кутија)
Метастатски карцином на дојка
  • Применливо при третман на јазол-позитивен карцином на дојка по неуспешност од терапија со антрациклин и циклофосфамид;
  • Применливо како иницијален третман на локално-напреден или метастатски карцином на дојка во комбинација со антрациклини или во комбинација со трастузумаб кај пациенти со HER-2-позитивен карцином на дојка.
Третман на не-ситноклеточен карцином на белите дробови
  • Применливо во комбинација со цисплатин за третман на напреден не-ситноклеточен карцином на белите дробови.
Оваријален карцином
  • Применливо како хемотерапија од прв ред кај пациенти со напреден оваријален карцином или со резидуално заболување по претходна лапаротомија, во комбинација со цисплатин; 
  • Применливо како хемотерапија од втор ред при третман на метастатски оваријален карцином.
Капоши саркома кај пациенти со СИДА

Paclitaxel претставува антинеопластичен агенс кој делува преку механизам на врзување за β-субединицата на тубулинот, кој претставува основна структура на микротубулите.  Paclitaxel интерферира со нормалниот раст и нормалната функција на микротубулите, односно врши хиперстабилизација на нивната структура. Со ова се оневозможува клетките да го "искористуваат" својот цитоскелет за зголемување на нивната флексибилност. Дополнително, paclitaxel предизвикува апоптоза на канцер-клетките преку механизам на врзување за Bcl-2-протеинот.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Нема податоци.
Педијатриска популација
  • Не се препорачува употреба на paclitaxel кај педијатриски пациенти.
Пациенти со ренално оштетување
  • Нема податоци.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено хепатално оштетување; 
  • Не се препорачува употреба на paclitaxel кај пациенти со тешко хепатално оштетување.
Карцином на дојка
Адјувантна хемотерапија кај карцином на дојка
  • Препорачана доза на paclitaxel e 175 mg/m2, администрирана интравенски во период од 3 часа, на секои 3 недели, во 4 терапии, по терапија со антрациклин.
Хемотерапија од прв ред за карцином на дојка
  • Препорачана доза на paclitaxel е 220 mg/m2, администрирана интравенски, во период од 3 часа, со тринеделен интервал помеѓу терапиите; paclitaxel се администрира 24 часа по администрација на доксорубицин (50 mg/m2); 
  • Во комбинација со трастузумаб, препорачана доза на paclitaxel e 175 mg/m2, администрирана интравенски, во период од 3 часа, со тринеделен интервал помеѓу терапиите.
Хемотерапија од втор ред за карцином на дојка
  • Препорачана доза на paclitaxel e 175 mg/m2, администрирана интравенски, во период од 3 часа, со тринеделен интервал помеѓу терапиите. 
Не-ситноклеточен карцином на белите дробови
  • Препорачана доза на paclitaxel е 175 mg/m2, администрирана интравенски, во период од 3 часа, со тринеделен интервал помеѓу дозите, проследена со цисплатин 80 mg/m2, со тринеделен интервал помеѓу терапиите.
Подготовка за третман
  • Пред почеток на третманот со paclitaxel, неопходна е администрација на кортикостероиди, антихистаминици и Н2-рецепторни антагонисти.

Табела 1. Подготовка за третман 

Лек

Доза

Администрирање пред paclitaxel

Дексаметазон

20mg (орално или интравенски)

Орална администрација: 6 – 12 часа;

Интравенски: 30 – 60 min

Дифенхидрамин

50mg (интравенски)

30 – 60 min

Циметидин или ранитидин

300mg / 50mg (интравенски)

30 – 60 min

Ооваријален карцином
Прволиниски третман на оваријален карцином
  • Препорачана доза на paclitaxel е 175 mg/m2, администрирана интравенски во тек на 3 часа, проследена со цисплатин во доза од 75 mg/m2 на секои три недели; 
  • Алтернативно, може да се примени доза на paclitaxel од 135 mg/m2, администрирана во облик на 2-часовна интравенска инфузија, проследена со цисплатин во доза од 75 mg/m2, со тринеделен интервал помеѓу терапиите.
Второлиниски третман на оваријален карцином
  • Препорачана доза на paclitaxel е 175 mg/m2, администрирана во период од 3 часа, со тринеделен интервал помеѓу терапиите.
Капоши саркома кај пациенти со СИДА
  • Препорачана доза на paclitaxel е 100 mg/m2, администрирана интравенски, во период од 3 часа, на секои 2 недели.
  • Хиперсензитивност кон paclitaxel;
  • Лактација;
  • Пациенти кои имаат основен број на неутрофили (< 1500 клетки/mm3); 
  • Сериозни и неконтролирани инфекции.
Инхибитори на CYP450 2C8 и CYP450 3A4
  • Истовремената употреба на paclitaxel со инхибитори на CYP450 2C8 или CYP450 3A4, како кетоконазол, еритромицин, флуоксетин, гемфиброзил, клопидогрел, циметидин, ритонавир, сакинавир, индинавир и нелфинавир може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на paclitaxel
Индуктори на CYP450 2C8 и CYP450 3A4
  • Истовремената употреба на paclitaxel со индуктори на CYP450 2C8 и CYP450 3A4, како рифампицин, карбамазепин, фенитоин, ефавиренз или невирапин може да резултира со намалување на плазматската концентрација на paclitaxel
Нелфинавир, ритонавир
  • Истовремената употреба на paclitaxel со нелфинавир или ритонавир може да резултира со намалување на системскиот клиренс на paclitaxel.
Живи вакцини
  • Истовремената употреба на paclitaxel со живи вакцини може да резултира со развивање на сериозни инфекции.
Сок од грејпфрут
  • Истовремената употреба на paclitaxel со сок од грејпфрут може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на paclitaxel
Бременост
  • Не се препорачува употреба на paclitaxel за време на бременост.
Доење
  • Употребата на paclitaxel за време на доење е контраиндицирана. 

Paclitaxel има негативно влијание врз машката и женската репродуктивност.

Многу чести
  • Инфекции (на уринарен тракт и на горно-респираторен тракт), миелосупресија, неутропенија, анемија, тромбоцитопенија, леукопенија, крварење, реакции на хиперсензитивност (црвенило и осип), невротоксичност, периферна невропатија, хипотензија, дијареа, вомитус, наузеа, мукозни инфламации, алопеција, артралгија, мијалгија.
Чести
  • Сериозно покачување на серумските нивоа на аспартат аминотрансфераза, сериозно покачување на серумските нивоа на алкална фосфатаза, реакции на местото на инјектирање (локализиран едем, болка, еритем, индурација, повремена екстравазација проследена со целулитис, кожна фиброза и кожна некроза), минливи и благи промени на ноктите и кожата, брадикардија.
Помалку чести
  • Септичен шок, значителни реакции на хиперсензитивност (хипотензија, ангионевротичен едем, респираторен дистрес, општа уртикарија, треска, болки во грбот, болка во градите, тахикардија, абдоминална болка, болка во екстремитетите, дијафореза, хипертензија), миокарден инфаркт, атриовентрикуларен блок, синкопа, кардиомиопатија, тромбоза, хипертензија, тромбофлебитис, сериозна хипербилирубинемија.
Ретки
  • Зголемување на серумските нивоа на креатинин, пирексија, дехидратација, астенија, едем, слабост, пруритус, осип, еритема, интестинална опструкција, интестинална перфорација, исхемичен колитис, панкреатитис, респираторна инсуфициенција, пулмонарна емболија, пулмонарна фиброза, интерстицијална пневмонија, диспнеа, плеврален излив, срцева инсуфициенција, моторна невропатија, анафилактичка реакција, фебрилна неутропенија.
Многу ретки
  • Акутна миелоидна леукемија, миелодиспластичен синдром, анафилактичен шок, анорексија, тонично-клонични напади, автономна невропатија, паралитичен илеус, ортостатска хипотензија, енцефалопатија, конвулзии, вертиго, атаксија, нарушувања на оптичкиот нерв, нарушување на видот, губење на слухот, ототоксичност, тинитус, вертиго, атријална фибрилација, суправентрикуларна тахикардија, шок, кашлица, мезентерична тромбоза, псевдомембранозен колитис, неутропеничен колитис, асцит, езофагитис, констипација, хепатална некроза, хепатална енцефалопатија, Stevens-Johnson-ов синдром, токсична епидермална некролиза, еритема мултиформе, ексфолијативен дерматитис, уртикарија, онихолиза.
Непознато
  • Системски лупус еритематозус, склеродерма, синдром на палмар-плантарна еритродизестезија, флебитис, макуларен едем, фотопсија, стаклести лебдери, синдром на туморска лиза, бронхоспазам, дисеминирана интраваскуларна коагулација.

Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.

Поради можност од појава на замор и вертиго, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:L01CD01
Генерично име:paclitaxel
Латинично име:Paclitaxel concentrate for solution for infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:6 mg/mL концентрат за раствор за инфузија (1 стаклена вијала х 16,7 ml/кутија)
Производител:Европа Лек Фарма ДООЕЛ
Носител на одобрение:Accord Healthcare Polska Sp.z.o.o., Пабианице, Полска