Прочистување на цревата пред клинички процедури, како ендоскопија на црева или радиологија
Осмотските лаксативи по осмотски пат ја привлекуваат водата од околната средина, како резултат на што се зголемува волуменот на цревната содржина, се забрзува цревната перисталтика и на тој начин се олеснува празнењето на цревата.
Третманот опфаќа администрација на две одделни неидентични дози од 500mL macrogol, combinations; со секоја доза се зема најмалку 500mL додатни бистри течности, кои вклучуваат вода, бистра супа, овошен сок без пулпа, негазирани пијалоци, чај и/или кафе без млеко.
Дводневен дозен режим
- Првата доза се зема навечер, пред клиничката процедура;
- Втората доза се зема наутро, на денот на клиничката процедура, приближно 12 часа по земањето на првата доза.
Еднодневен дозен режим
- Утрински дозен режим, со земање на двете дози наутро, на денот на клиничката процедура; втората доза се зема 2 часа по земањето на првата доза;
- На денот пред дозниот режим со двете дози земени навечер, пред закажаната клиничка процедура, втората доза се зема 2 часа по земањето на првата доза.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Прилагодување на дозата
- Доза 1 - содржината од една кесичка за доза I се реконституира до 500mL со вода; реконституираниот раствор, заедно со дополнителни 500mL вода се зема во период од 60 минути;
- Доза 2 - содржината од две кесички за доза II се реконституира до 500mL со вода; реконституираниот раствор, заедно со дополнителни 500mL вода се зема во период од 60 минути.
Нема клинички значајни интеракции.
Во случај на предозирање, се препорачува примена на течности и електролити со цел корекција на електролитниот дисбаланс.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување