Лек: Фортранс

  • ATC код:A06AD65
  • Компанија:Промедика доо
  • Доза:64g прашок за перорален раствор
Прочистување на цревата пред клинички процедури, како ендоскопија на црева или радиологија

Осмотските лаксативи по осмотски пат ја привлекуваат водата од околната средина, како резултат на што се зголемува волуменот на цревната содржина, се забрзува цревната перисталтика и на тој начин се олеснува празнењето на цревата.

Третманот опфаќа администрација на две одделни неидентични дози од 500mL macrogol, combinations; со секоја доза се зема најмалку 500mL додатни бистри течности, кои вклучуваат вода, бистра супа, овошен сок без пулпа, негазирани пијалоци, чај и/или кафе без млеко.

Дводневен дозен режим
  • Првата доза се зема навечер, пред клиничката процедура; 
  • Втората доза се зема наутро, на денот на клиничката процедура, приближно 12 часа по земањето на првата доза.
Еднодневен дозен режим
  • Утрински дозен режим, со земање на двете дози наутро, на денот на клиничката процедура; втората доза се зема 2 часа по земањето на првата доза; 
  • На денот пред дозниот режим со двете дози земени навечер, пред закажаната клиничка процедура, втората доза се зема 2 часа по земањето на првата доза.
Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Нема податоци.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Прилагодување на дозата
  • Доза 1 - содржината од една кесичка за доза I се реконституира до 500mL со вода; реконституираниот раствор, заедно со дополнителни 500mL вода се зема во период од 60 минути; 
  • Доза 2 - содржината од две кесички за доза II се реконституира до 500mL со вода; реконституираниот раствор, заедно со дополнителни 500mL вода се зема во период од 60 минути.
  • Хиперсензитивност кон macrogol, combinations
  • Пациенти кои може да развијат илеус или интестинална опструкција; 
  • Перфорација на дигестивниот тракт или ризик од перфорација; 
  • Гастропареза или гастрична ретенција; 
  • Дефицит на глукоза-6-фосфат дехидрогеназа; 
  • Фенилкетонурија; 
  • Токсичен колитис или токсичен мегаколон.

Нема клинички значајни интеракции.

Скробни згуснувачи на храна
  • Истовремената употреба на macrogol, combinations со храна која содржи скробни згуснувачи може да резултира со намалување на емулгаторниот ефект на скробните згуснувачи, поради што храната која ги содржи овие згуснувачи би се втечнила.
Храна која треба да се избегнува
  • Цврста храна; 
  • Обоена храна (цвекло, сок од црна рибизла).
Бременост
  • Не се препорачува употреба на macrogol, combinations за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на примена на macrogol, combinations.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Вомитус, наузеа, дехидратација.
Помалку чести
  • Абдоминална дистензија, аноректален дискомфорт, абдоминална болка, болка во горен абдомен, болка во долен абдомен, хиперсензитивност кон лекот, главоболка, мигрена, сомноленција, полидипсија, замор, астенија, треска, болка и непријатност, палпитации, синус тахикардија, транзиторна хипертензија, топли бранови, транзиторно зголемување на плазматската концентрација на хепаталните ензими, хипернатриемија, хиперкалциемија, хипофосфатемија, хипокалиемија, намалени серумски нивоа на бикарбонати, зголемена / намалена анјонска пумпа, хиперосмоларност.
Ретки

/

Многу ретки

/

Непознато

/

Во случај на предозирање, се препорачува примена на течности и електролити со цел корекција на електролитниот дисбаланс.

 

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување

ATC код:A06AD65
Генерично име:macrogol,combinations
Латинично име:Macrogol, combinations powder for oral solution
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:64g прашок за перорален раствор
Производител:Промедика доо
Носител на одобрение:Beaufour Ipsen Industrie, Дреукс, Франција