Лек: Окревус

  • ATC код:L04AA36
  • Компанија:РОШ МАКЕДОНИЈА дооел
  • Доза:920mg / 23mL (40 mg/mL) раствор за инјектирање
Релапсни форми на мултиплекс склероза и активна болест
Рана примарно-прогресивна мултиплекс склероза со карактеристики на инфламаторна активност

Ocrelizumab претставува рекомбинантно хуманизирано моноклонално антитело кое селективно ги таргетира В-клетките  кои на својата површина поседуваат СD20 рецептор; CD20 e површински клеточен антиген кој се наоѓа на површината на пре-В-клетките, зрелите и мемориските В-клетки. Механизмот на дејство на ocrelizumab подразбира намалување на бројот на В-лимфоцитите кои на својата површина ги експресираат CD20 рецепторите. По врзување за CD20-рецепторите, ocrelizumab селективно го намалува бројот на CD20-експресирачките В-клетки преку механизам на антитело-зависна клеточно-посредувана фагоцитоза, антитело-зависна клеточно-посредувана цитотоксичност, комплемент-зависна цитотоксичност и апоптоза.

Препорачана почетна доза на ocrelizumab е 920mg, администрирана во облик на супкутана инјекција во абдоменот, на секои 6 месеци.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Нема податоци.
  • Хиперсензитивност кон ocrelizumab; 
  • Активна инфекција; 
  • Тешка имунокомпромитирана состојба; 
  • Позната активна малигна болест.
Имуносупресиви
  • Не се препорачува истовремена употреба на ocrelizumab со имуносупресиви, со исклучок на кортикостероиди за симптоматски третман на релапси.

Нема влијание.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на ocrelizumab за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со ocrelizumab

Нема податоци.

Многу чести
  • Инфекции на горен респираторен тракт, назофарингитис, инфлуенца, намалување на нивото на IgM во крвта, реакции поврзани со инјекцијата.
Чести
  • Синузитис, бронхитис, орален херпес, гастроентеритис, инфекции на респираторен тракт, вирусни инфекции, херпес зостер, конјунктивитис, целулитис, кашлица, катар, намалување нанивото на IgG во крвта, неутропенија.
Ретки
  • Доцна појава на неутропенија.

 

Помалку чести

/

Многу ретки

/

Непознато

/

Нема пријавени случаи на предозирање.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:L04AA36
Генерично име:ocrelizumab
Латинично име:Ocrelizumab solution for injection
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:920mg / 23mL (40 mg/mL) раствор за инјектирање
Производител:РОШ МАКЕДОНИЈА дооел
Носител на одобрение:F.Hoffmann-La Roche Ltd., Каизерауст, Швајцарија