Супституциона терапијаСиндром на примарен недостаток на имунитет со нарушена продукција на антитела
Секундарна имунодефициенција
- Применливо кај пациенти со тешки или рекурентни инфекции, неефективен антибактериски третман или потврден специфичен недостаток на антитела или ниво на серумски IgG < 4 g/L.
ИмуномодулацијаПримарна имуна тромбоцитопенија
Guillain-Barre-ов синдром
Kawasaki заболување
Хронична инфламаторна демиелинизирачка полиневропатија
Мултифокална моторна невропатија
Постигнување на имуномодулаторен ефект.
Immunoglobulin, normal human се администрира интравенски, со почетна брзина на инфундирање од 0,3 mL/kg телесна тежина на час, во времетраење од околу 30 минути, со можност за зголемување на брзината на инфундирање до 4,8 mL/kg телесна тежина на час.
Супституциона терапија кај синдроми на примарна имунодефициенција
- Препорачана почетна доза е 0,4 - 0,8 g/kg телесна тежина, администрирана одеднаш, а потоа следи доза од најмалку 0,2 g/kg телесна тежина на секои 3 - 4 недели.
Примарна имуна тромбоцитопенија
- Препорачана доза е 0,8 - 1 g/kg телесна тежина, администрирана првиот ден, со можност за нејзино повторување еднаш на 3 дена;
- Алтернативно, може да се администрира доза од 0,4 g/kg телесна тежина дневно, во период од 2 - 5 дена.
Guillain-Barre-ов синдром
- Препорачана доза е 0,4 g/kg телесна тежина дневно, во времетраење од 5 дена, со можност за повторување на дозата во случај на релапс.
Kawasaki заболување
- Препорачана доза е 2,0 g/kg телесна тежина, администрирана како поединечна доза.
Хронична инфламаторна демиелинизирачка полиневропатија
- Препорачана доза е 2 g/kg телесна тежина, поделена во 2 - 5 последователни денови, проследено со дози на одржување од 1 g/kg телесна тежина, администрирани во 1 - 2 последователни денови, во период од 3 недели.
Мултифокална моторна невропатија
- Препорачана почетна доза е 2 g/kg телесна тежина, администрирана во 2 - 5 последователни денови;
- Препорачана доза на одржување е 1 g/kg телесна тежина на секои 2 - 4 недела или 2 g/kg телесна тежина на секоја 4 - 8 недела.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Нема податоци кои се однесуваат на безбедноста и ефикасноста од употребата на immunoglobulin, normal human за време на бременост и доење.
Поради можност од појава на вертиго, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.