Блага до умерена болка
- Применливо при главоболка, забоболка или менструални болки.
Болка при повреда и по медицинска и стоматолошка интервенција
Минлива мускулна болка или болка во зглобовите при настинка и грип
Хиперпирексија предизвикана од бактериски или вирусни инфекции
Ревматска болка
- Применливо при остеоартритис и болки во грбот кои немаат инфламаторно потекло.
Paracetamol претставува нестероиден антиинфламаторен лек, неселективен инхибитор на COX-1 и COX-2 – ензими кои се вклучени во синтезата на проинфламаторните простагландини. Со инхибиција на активноста на циклооксигеназите се спречува продукцијата на проинфламаторните простагландини кои се одговорни за предизвикување на болка и инфламаторни реакции.
Препорачана доза на paracetamol за возрасни пациенти и педијатриски пациенти на возраст над 12 години е 500 - 1000 mg, на секои 4 часа.
Посебни популации Постари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Препорачана доза на paracetamol за педијатриски пациенти на возраст од 6 - 12 години е 1/2 - 1 таблета, односно 250 - 500 mg на секои 4 - 6 часа.
Пациенти со ренално оштетување
- Кај пациенти со тешка ренална инсуфициенција (креатинин клиренс < 10 mL/min), потребно е интервалот помеѓу дозите да биде минимум 8 часа, а потребно е и прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.