Лек: Форвита Ц

  • ATC код:A11GA01
  • Компанија:РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ, Скопје, Р. Северна Македонија
  • Доза:1000mg филм-обложени таблети (60 таблети во пластичен контејнер со индукциско затворање/кутија)
Превенција и третман на хиповитаминоза С и скорбут
Состојби при кои е зголемена потребата од витамин С
  • Хиперпирексија, инфективни состојби, состојби на хируршки третмани, склоност кон крварење, метхемоглобинемија, хемодијализа, сидеропенична анемија, неоплазми, рани и изгореници кои бавно заздравуваат, еднолична исхрана, замор и диетална исхрана сиромашна со витамин С.

Ascorbic acid или витамин С претставува хидросолубилен витамин кој кога се внесува егзогено се однесува како кофактор во формулацијата на 4-хидроксипролин со цел да придонесе во создавањето на колагенот и во обновувањето на ткивата. Ascorbic acid е вклучена во метаболизмот на тирозин, конверзијата на фолната киселина во фолинска киселина, метаболизмот на јаглехидратите, синтезата на липидите и протеините, метаболизмот на железо, резистентноста кон различни инфекции и процесите на клеточно дишење.

Препорачана доза на ascorbic acid e 1 - 2 таблети дневно (500 - 1000 mg).

  • Хиперсензитивност кон ascorbic acid.
Соли на железо
  • Истоврмената употреба на ascorbic acid со соли на железо може да резултира со зголемување на апсорпцијата на железо на ниво на гастроинтестиналниот тракт.
Сулфонамиди
  • Истовремената употреба на ascorbic acid со сулфонамиди може да предизвика кристалурија како последица на перципитација на кристали на сулфонамиди во киселата урина.
Орални антикоагуланси
  • Истоврмената употреба на ascorbic acid со орални антикоагуланси (варфарин) може да резултира со намалување на апсорпцијата на оралните антикоагуланси.
Бортезомид
  • Истовремената употреба на ascorbic acid со бортезомид може да резултира со намалување на терапевтскиот ефект на бортезомид.
Циклоспорин
  • Истовремената употреба на ascorbic acid со циклоспорин може да резултира со намалување на плазматската концентрација на циклоспорин.
Амфетамин, трициклични антидепресиви
  • Истоврмената употреба на ascorbic acid со алкални лекови, како амфетамин или трициклични антидепресивни лекови може да резултира со намалување на тубуларната реапсорпцијата на алкалните лекови, а со тоа да ја намали и нивната терапевтска ефикасност.

Нема влијание. 

Бременост
  • Ascorbic acid може да се употребува за време на бременост.
Доење
  • Ascorbic acid може да се употребува за време на доење.

Нема влијание.

  • Наузеа, вомитус, хиперацидитет, абдоминални спазми, црвенило на кожата, слабост, главоболка и инсомнија.
Симптоми
  • Дијареа и гастроинтестинални тегоби. 
Третман
  • Симптоматски и супортивен третман.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:A11GA01
Генерично име:ascorbic acid
Латинично име:Ascorbic acid film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:1000mg филм-обложени таблети (60 таблети во пластичен контејнер со индукциско затворање/кутија)
Производител:РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ, Скопје, Р. Северна Македонија
Носител на одобрение:РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ
aluminum carbonate
Умерена
aluminum hydroxide
Умерена
amphetamine
Умерена
benzphetamine
Умерена
bortezomib
Умерена
deferoxamine
Умерена
dextroamphetamine
Умерена
dihydroxyaluminum sodium carbonate
Умерена
lisdexamfetamine
Умерена
methamphetamine
Умерена
sucralfate
Умерена