Акутен бактериски синузитис
Акутен бактериски otitis media
Фарингитис и тонзилитис
Акутна егзацербација на хроничен бронхитис
Блага до умерено-тешка вонболнички-стекната пневмонија
Инфекции на кожата и меките ткива
Некомплицирани генитални инфекции предизвикани од Chlamydia trachomatis и Neisseria gonorrhoeae
Azithromycin претставува макролиден антибиотик со бактериостатско дејство, кој делува преку механизам на врзување за 23S rRNA од 50Ѕ рибозомската субединица, со што врши инхибиција на синтезата на протеините на ниво на чекорот на транспептидација / транслокација; со тоа е оневозможена синтезата на протеините кои се неопходни за растот и функционирањето на бактериската клетка.
Препорачана дневна доза на azithromycin e 500mg дневно, во период од 3 последователни денови.
Алтернативно, вкупната доза од 1500mg може да се администрира во период од 5 последователни денови, така што на првиот ден од терапијата се земаат 500mg, додека на останатите денови се зема доза од 250mg дневно.
Во случај на уретритис и цервицитис предизвикани од Chlamydia trachomatis, препорачана доза на azithromycin e 1000mg, администрирана како единечна доза; за чувствителни соеви на Neisseria gonorrhoeae, препорачана доза на azithromycin е 2000mg, администрирана како единечна доза, во комбинација со 500mg цефтриаксон, администриран во облик на интрамускулна инјекција.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популацијаДеца и адолесценти со телесна тежина < 45kg
- Препорачана доза на azithromycin e 10 mg/kg телесна тежина дневно, во период од 3 последователни денови;
- Деца со телесна тежина од 15 - 25 kg - 5mL, односно 200mg azithromycin, еднаш дневно, во период од 3 последователни денови;
- Деца со телесна тежина од 26 - 35 kg - 7,5mL, односно 300mg azithromycin, еднаш дневно, во период од 3 последователни денови;
- Деца со телесна тежина од 36 - 45 kg - 10mL, односно 400mg azithromycin, еднаш дневно, во период од 3 последователни денови.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено ренално оштетување (креатинин клиренс од 10 - 80 mL/min);
- Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со тешко ренално оштетување (креатинин клиренс < 10 mL/min).
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено хепатално оштетување.
Нема пријавени случаи на предозирање.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување