Trastuzumab претставува рекомбинантно хуманизирано IgG1 моноклонално антитело кое делува преку механизам на врзување за HER2-рецепторот - трансмембрански тирозин-киназа рецептор. Тrastuzumab се врзува за екстрацелуларниот лиганд-врзувачки домаин на HER2-рецепторот и врши инхибиција на HER2-посредуваните интрацелуларни сигнални каскади. Инхибицијата на MAPK и PIK3/Akt патеките води до супресија на клеточната пролиферација и клеточниот раст. Дополнително, trastuzumab учествува во антитело-зависната клеточно-посредуваната цитотоксичност преку механизам на привлекување на клетките на имуниот систем, како што се клетките-природни убијци, во близина на туморското ткиво каде има прекумерна експресија на HER2..
Нема клинички значајни интеракции.
Нема пријавени случаи на предозирање.
Поради можност од појава на вртоглавица и поспаност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.