Напреден хормон-рецептор позитивен карцином на дојка кај пост-менопаузални жени
Адјувантен третман на ран инвазивен хормон-рецептор-позитивен карцином на дојка кај пост-менопаузални жени
Anastrozole претставува силен и високо-селективен нестероиден ароматаза-инхибитор со анти-естрогено дејство кое го манифестира доминантно на ниво на адреналните жлезди, хепарот и масното ткиво. Кај многу пост-менопаузални жени, карциномите на дојка се хормон-рецептор-позитивни, односно нивниот раст е поттикнат од хормони како естрогените и прогестеронот. Кај пост-менопаузалните жени, естрогенот се добива со конверзија на адреналните андрогени во естрогени под дејство на ароматазата; со компетитивна инхибиција на активноста на ароматазата, се инхибира и продукцијата на естрогените, а со тоа се овозможува супресија на хормон-рецептор-позитивните тумори.
Препорачана доза на anastrozole кај возрасни пациенти е 1mg дневно.
За жени во постменопауза со хормон-рецептор-позитивен ран инвазивен карцином на дојка, препорачаното времетраење на адјувантниот ендокрин третман е 5 години.
Посебни популацииПациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено ренално оштетување;
- Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со сериозно ренално оштетување.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно хепатално оштетување;
- Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со умерено до сериозно хепатално оштетување.
Постари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Употребата на anastrozole е контраиндицирана за време на бременост и доење.
Anastrozole може да манифестира репродуктивна токсичност.
Во случај на предозирање, се препорачува индукција на емеза, дијализа и симптоматски и супортивен третман.
Поради можност од појава на астенија и сомноленција, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.