Лек: Анастрозол Плива

  • ATC код:L02BG03
  • Компанија:ПЛИВА дооел
  • Доза:1mg филм-обложени таблети
Напреден хормон-рецептор позитивен карцином на дојка кај пост-менопаузални жени
Адјувантен третман на ран инвазивен хормон-рецептор-позитивен карцином на дојка кај пост-менопаузални жени

Anastrozole претставува силен и високо-селективен нестероиден ароматаза-инхибитор со анти-естрогено дејство кое го манифестира доминантно на ниво на адреналните жлезди, хепарот и масното ткиво. Кај многу пост-менопаузални жени, карциномите на дојка се хормон-рецептор-позитивни, односно нивниот раст е поттикнат од хормони како естрогените и прогестеронот. Кај пост-менопаузалните жени, естрогенот се добива со конверзија на адреналните андрогени во естрогени под дејство на ароматазата; со компетитивна инхибиција на активноста на ароматазата, се инхибира и продукцијата на естрогените, а со тоа се овозможува супресија на хормон-рецептор-позитивните тумори.

Препорачана доза на anastrozole кај возрасни пациенти е 1mg дневно.

За жени во постменопауза со хормон-рецептор-позитивен ран инвазивен карцином на дојка, препорачаното времетраење на адјувантниот ендокрин третман е 5 години.

Посебни популации
Педијатриска популација
  • Нема податоци.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено ренално оштетување; 
  • Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со сериозно ренално оштетување. 
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно хепатално оштетување; 
  • Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со умерено до сериозно хепатално оштетување. 
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
  • Хиперсензитивност кон anastrozole
  • Бременост и доење.
Тамоксифен, естроген
  • Истовремената употреба на anastrozole со тамоксифен или естроген може да резултира со намалување на фармаколошкиот ефект на anastrozole.

Нема влијание. 

Употребата на anastrozole е контраиндицирана за време на бременост и доење.

Anastrozole може да манифестира репродуктивна токсичност.

Многу чести
  • Главоболка, депресија, топли бранови, мачнина, осип, артралгија, вкочанетост на зглобовите, артритис, остеопороза, астенија.
Чести
  • Вагинална сувост, вагинално крварење, мијалгија, болка во коските, алопеција, алергиски реакции, зголемување на серумските нивоа на алкална фосфатаза, аланин аминотрансфераза и аспартат аминотрансфераза, дијареа, вомитус, сомноленција, синдром на карпален тунел, парестезија, дисгеузија, агеузија, анорексија, хиперхолестеролемија. 
Помалку чести
  • Хиперкалциемија - со или без зголемување на серумските нивоа на паратироидниот хормон, покачување на серумските нивоа на гама-глутамилтрансфераза, хипербилирубинемија, хепатитис, уртикарија, стенозен теносиновитис.
Ретки
  • Еритема мултиформе, анафилактоидна реакција, кожен васкулитис, пурпура Henoch-Schonlein.
Многу ретки
  • Stevens-Johnson-ов синдром, ангиоедем.
Непознато

/

Во случај на предозирање, се препорачува индукција на емеза, дијализа и симптоматски и супортивен третман.

Поради можност од појава на астенија и сомноленција, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:L02BG03
Генерично име:anastrozole
Латинично име:Anastrozole film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:1mg филм-обложени таблети
Производител:ПЛИВА дооел
Носител на одобрение:PLIVA Hrvatska d.o.o, Загреб, Хрватска, TEVA Pharmaceutical Works Private Limited Company, Дебрецен, Унгарија