Лек: Ремирта

  • ATC код:N06AX11
  • Компанија:ПЛИВА дооел
  • Доза:45mg филм-обложени таблети
Тешка депресија

Mirtazapine претставува тетрацикличен антидепресив со норадренергична и серотонинергична активност, антагонист на пресинаптичките α2-адренергични рецептори на ниво на CNS, силен антагонист на серотонинергичните 5-НТ2- и 5-НТ3-рецептори и периферен α1-адренергичен антагонист.

Препорачаната почетна доза на mirtazapine се движи од 15 - 30 mg. 

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Не се препорачува употреба на mirtazapine кај педијатриски пациенти под 18-годишна возраст.
Пациенти со ренално оштетување
  • Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со креатинин клиренс < 40 mL/min.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со хепатално оштетување. 
  • Хиперсензитивност кон mirtazapine;
  • Истовремена употреба на МАО-инхибитори.
МАО-инхибитори
  • Истовремената употреба на mirtazapine со МАО-инхибитори е контраиндицирана.
Селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање (SSRIs)
  • Истовремената употреба на mirtazapine со селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање може да го зголеми ризикот од појава на серотонински синдром.
Бензодиазепини
  • Истовремената употреба на mirtazapine со бензодиазепини може да резултира со потенцирање на седативниот ефект на бензодиазепините и другите седативни лекови (некои антипсихотици, хистаминергични Н1-антагонисти и опиоиди). 
Алкохол
  • Истовремената употреба на mirtazapine со алкохол може да го потенцира депресивниот ефект на алкохолот на ниво на CNS.
Варфарин
  • Истовремената употреба на mirtazapine со варфарин може да го зголеми ризикот од хеморагија и да го пролонгира протромбинското време.
Лекови кои го продолжуваат QT-интервалот
  • Истовремената употреба на mirtazapine со некои антипсихотици и/или антибиотици може да го зголеми ризикот од пролонгирање на QT-интервалот и од појава на вентрикуларни аритмии (torsades de pointes).
Карбамазепин, фенитоин
  • Истовремената употреба на mirtazapine со индуктори на CYP450 3A4 како карбамазепин или фенитоин може да резултира со намалување на плазматската концентрација на mirtazapine.
Кетоконазол
  • Истовремената употреба на mirtazapine со инхибитори на CYP450 3A4 како кетоконазол може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на mirtazapine.
Циметидин
  • Истовремената употреба на mirtazapine со циметидин може да резултира со значително зголемување на плазматската концентрација на mirtazapine.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на mirtazapine за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со mirtazapine.

Нема влијание. 

Многу чести
  • Обезност, зголемен апетит, сомноленција, седација, главоболка, сува уста.
Чести
  • Aбнормални соништа, конфузија, анксиозност, инсомнија, летаргија, вртоглавица, тремор, амнезија, ортостатска хипотензија, мачнина, дијареа, вомитус, констипација, егзантем, артралгија, мијалгија, болки во грбот, периферен едем, замор.
Помалку чести
  • Ноќни кошмари, манија, агитација, халуцинации, психомоторен немир, акатизија, хиперкинезија, парестезија, немир во нозете, синкопа, хипотензија, орална хипоестезија.
Ретки
  • Агресивност, миоклонус, панкреатитис, зголемени серумски нивоа на хепаталните трансаминази.
Непознато
  • Супресија на коскената срцевина (гранулоцитопенија, агранулоцитоза, апластична анемија, тромбоцитопенија, еозинофилија), неадекватно лачење на антидиуретичен хормон, хипонатриемија, суицидни размислувања, суицидно однесување, конвулзии, серотонински синдром, орална парестезија, дизартрија, едем на устата, хиперсаливација, Stevens-Johnson-ов синдром, булозен дерматитис, еrythema multiforme, токсична епидермална некролиза, реакција на лекот со еозинофилија и системски симптоми (DRESS), рабдомиолиза, уринарна ретенција, сомнамбулизам,  генерализирани едеми, локализирани едеми, зголемени серумски нивоа на креатин киназа.
Многу ретки

/

Симптоми
  • Депресија на CNS со дезориентација и продолжена седација, тахикардија, хипер- или хипотензија, продолжување на QT-интервалот и torsades de pointes.
Третман
  • Симптоматски и супортивен третман; 
  • Гастрична лаважа и администрација на активен јаглен.

Поради можност од нарушување на концентрацијата и будноста, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:N06AX11
Генерично име:mirtazapine
Латинично име:Mirtazapine film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:45mg филм-обложени таблети
Производител:ПЛИВА дооел
Носител на одобрение:ACTAVIS Ltd., Зејтун, Малта