Mirtazapine претставува тетрацикличен антидепресив со норадренергична и серотонинергична активност, антагонист на пресинаптичките α2-адренергични рецептори на ниво на CNS, силен антагонист на серотонинергичните 5-НТ2- и 5-НТ3-рецептори и периферен α1-адренергичен антагонист.
Препорачаната почетна доза на mirtazapine се движи од 15 - 30 mg.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Не се препорачува употреба на mirtazapine кај педијатриски пациенти под 18-годишна возраст.
Пациенти со ренално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со креатинин клиренс < 40 mL/min.
Пациенти со хепатално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со хепатално оштетување.
Поради можност од нарушување на концентрацијата и будноста, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.