Лек: Гонал-Ф

  • ATC код:G03GA05
  • Компанија:ВАРУС дооел
  • Доза:900IE / 1,44mL (66mcg / 1,44mL) раствор за инјектирање
Возрасни жени
Ановулација и полицистично оваријално заболување
  • Применливо кај возрасни жени кои не реагираат на терапија со кломифен цитрат.
Стимулација на мултифоликуларен развој
  • Применливо кај пациентки подвргнати на суперовулација за асистирани репродуктивни технологии (ART) како што е in vitro фертилизација (IVF).
Интра-фалопијален трансфер на гамети и интрафалопијален трансфер на зиготи
Стимулација на фоликуларен развој кај жени со тежок дефицит на фоликуло-стимулирачки хормон и лутеинизирачки хормон
Возрасни мажи
Стимулација на сперматогенеза
  • Применливо во комбинација со хуман хорионски гонадотропин (hCG) кај мажи со конгенитален или стекнат хипогонадотропен хипогонадизам.

Follitropin alfa претставува рекомбинантен облик на ендоген фоликуло-стимулирачки хормон, кој делува преку механизам на врзување за рецепторите на фоликуло-стимулирачкиот хормон, кои инаку претставуваат G-протеин-врзани трансмембрански рецептори, коешто врзување резултира со индукција на фосфрилацијата и активацијата на PI3K (фосфатидилинозитол-3-киназа) и Akt-сигналната патека. Кај жени, follitropin alfa придонесува за развој на еден зрел Графов фоликул; кај мажи, follitropin alfa во комбинација со хуман хорионски гонадотропин (hCG) индуцира сперматогенеза.

Табела 1. Препорачана доза (IE) / волумен (mL)

Доза (IE)

Волумен на инјектирање (mL)

75

0,13

150

0,25

225

0,38

300

0,50

375

0,63

450

0,75

Ановулација и полицистично оваријално заболување
  • Кај пациенти со менструални циклуси, третманот треба да започне во првите 7 дена од циклусот; 
  • Препорачаната почетна доза на follitropin alfa се движи од 75 - 150 IE дневно, со можност за зголемување до 37,5 или 75 IE, во интервали од 7 - 14 дена; 
  • По добивање на оптимален резултат, во рок од 24 - 48 часа по последната инјекција, се администрира една инјекција од 250mcg рекомбинантен хуман хорионски гонадотропин-α (r-hCG) или 5000 - 10000 IE hCG; 
  • Алтернативно, може да се изведе интраутерина инсеминација.
Жени подвргнати на оваријална стимулација за мултипен фоликуларен развој пред in vitro фертилизација или други асистирани репродуктивни технологии
  • Препорачана доза на follitropin alfa за суперовулација е 150 - 225 IE дневно, почнувајќи од вториот или третиот ден од циклусот; третманот продолжува се' до адекватен фоликуларен развој, односно до 10-тиот ден од третманот и истиот трае 5 - 20 дена;
  • Во рок од 24 - 48 часа од последната инјекција, се администрира единечна инјекција од 250 mcg рекомбинантен хуман хорионски гонадотропин (r-hCG) или 5000 - 10000 IE hCG, со цел индукција на финална фоликуларна матурација; 
  • Апликативна е и примената на down-регулација со агонист или антагонист на гонадотропин-ослободувачки хормон за супресија на зголемување на нивоата на ендогениот лутеинизирачки хормон и за контрола на тоничните нивоа на лутеинизирачки хормон; со третманот со follitropin alfa се започнува приближно 2 недели по отпочнувањето на третманот со агонист, при што follitropin alfa се администрира во доза од 150 - 225 IE во првите 7 дена, со понатамошно прилагодување на дозата. 
Жени со ановулација која е резултат на тежок дефицит на лутеинизирачки хормон и фоликуло-стимулирачки хормон
  • Третманот започнува со администрација на 75 IE лутропин алфа дневно и 75 - 150 IE follitropin alfa; дозата се прилагодува на секои 7 - 14 дена со зголемување за 37,5 - 75 IE; 
  • По постигнување на оптимални резултати, во рок од 24 - 48 часа по последната инјекција на follitropin alfa и лутропин алфа, се администрира инјекција од 250mcg рекомбинантен хуман хорионски гонадотропин (r-hCG) или 5000 - 10000 IE hCG.
Мажи со хипогонадотропен хипогонадизам
  • Препорачана доза на follitropin alfa e 150 IE, трипати неделно, во комбинација со хуман хорионски гонадотропин hCG, во период од најмалку 4 месеци.
  • Хиперсензитивност кон follitropin alfa
  • Тумори на хипоталамусот и/или на хипофизата; 
  • Оваријална хиперплазија или оваријални цисти кои не се резултат на полицистично оваријално заболување; 
  • Идиопатска гинеколошка хеморагија; 
  • Оваријален карцином, карцином на дојка или карцином на утерусот; 
  • Примарно оваријално оштетување; 
  • Малформации на половите органи инкомпатибилни со бременост; 
  • Фиброидни тумори на утерусот инкомпатибилни со бременост; 
  • Примарна тестикуларна инсуфициенција. 
Стимулатори на овулација
  • Истовремената употреба на follitropin alfa со други стимулатори на овариумите, како хуман хорионски гонадотропин (hCG) или кломифен цитрат може да резултира со потенцирање на реакцијата на фоликулите.
GnRH агонисти или антагонисти
  • Истовремената употреба на follitropin alfa со агонисти или антагонисти на гонадотропин-ослободувачки хормон (GnRH) може да ја зголеми потребата од зголемување на дозата на follitropin alfa.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на follitropin alfa за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со follitropin alfa.

Follitropin alfa е индициран за употреба при инфертилност.

Жени
Многу чeсти
  • Главоболка, оваријални цисти, реакции на местото на инјектирање.
Чeсти
  • Абдоминална болка, абдоминална дистензија, абдоминален дискомфорт, наузеа, вомитус, дијареа, среден до умерен OHSS.
Pетки
  • Компликација од тежок OHSS.
Mногу ретки
  • Умерени до тешки хиперсензитивни реакции вклучувајќи анафилактички реакции, тромбоемболија проследена со тежок OHSS, егзацербација или влошување на астма, тежок OHSS.
Пoмалку чести

/

Hепознато

/

Мажи
Многу чести
  • Реакции на местото на инјектирање.
Чести
  • Акни, гинекомастија, варичела, обезност.
Многу ретки
  • Умерени до тешки хиперсензитивни реакции вклучувајќи анафилактички реакции, егзацербација или влошување на астма.
Помалку чести

/

Ретки

/

Непознато

/

Нема податоци.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:G03GA05
Генерично име:follitropin alfa
Латинично име:Follitropin alfa solution for injection
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:900IE / 1,44mL (66mcg / 1,44mL) раствор за инјектирање
Производител:ВАРУС дооел
Носител на одобрение:MERCK Serono S.p.A., Модуњо/Бари, Италија, MERCK SERONO S.A., Аубоне, Швајцарија