Возрасни жениАновулација и полицистично оваријално заболување
- Применливо кај возрасни жени кои не реагираат на терапија со кломифен цитрат.
Стимулација на мултифоликуларен развој
- Применливо кај пациентки подвргнати на суперовулација за асистирани репродуктивни технологии (ART) како што е in vitro фертилизација (IVF).
Интра-фалопијален трансфер на гамети и интрафалопијален трансфер на зиготи
Стимулација на фоликуларен развој кај жени со тежок дефицит на фоликуло-стимулирачки хормон и лутеинизирачки хормон
Возрасни мажиСтимулација на сперматогенеза
- Применливо во комбинација со хуман хорионски гонадотропин (hCG) кај мажи со конгенитален или стекнат хипогонадотропен хипогонадизам.
Follitropin alfa претставува рекомбинантен облик на ендоген фоликуло-стимулирачки хормон, кој делува преку механизам на врзување за рецепторите на фоликуло-стимулирачкиот хормон, кои инаку претставуваат G-протеин-врзани трансмембрански рецептори, коешто врзување резултира со индукција на фосфрилацијата и активацијата на PI3K (фосфатидилинозитол-3-киназа) и Akt-сигналната патека. Кај жени, follitropin alfa придонесува за развој на еден зрел Графов фоликул; кај мажи, follitropin alfa во комбинација со хуман хорионски гонадотропин (hCG) индуцира сперматогенеза.
Табела 1. Препорачана доза (IE) / волумен (mL)
|
Доза (IE)
|
Волумен на инјектирање (mL)
|
|
75
|
0,13
|
|
150
|
0,25
|
|
225
|
0,38
|
|
300
|
0,50
|
|
375
|
0,63
|
|
450
|
0,75
|
Ановулација и полицистично оваријално заболување
- Кај пациенти со менструални циклуси, третманот треба да започне во првите 7 дена од циклусот;
- Препорачаната почетна доза на follitropin alfa се движи од 75 - 150 IE дневно, со можност за зголемување до 37,5 или 75 IE, во интервали од 7 - 14 дена;
- По добивање на оптимален резултат, во рок од 24 - 48 часа по последната инјекција, се администрира една инјекција од 250mcg рекомбинантен хуман хорионски гонадотропин-α (r-hCG) или 5000 - 10000 IE hCG;
- Алтернативно, може да се изведе интраутерина инсеминација.
Жени подвргнати на оваријална стимулација за мултипен фоликуларен развој пред in vitro фертилизација или други асистирани репродуктивни технологии
- Препорачана доза на follitropin alfa за суперовулација е 150 - 225 IE дневно, почнувајќи од вториот или третиот ден од циклусот; третманот продолжува се' до адекватен фоликуларен развој, односно до 10-тиот ден од третманот и истиот трае 5 - 20 дена;
- Во рок од 24 - 48 часа од последната инјекција, се администрира единечна инјекција од 250 mcg рекомбинантен хуман хорионски гонадотропин (r-hCG) или 5000 - 10000 IE hCG, со цел индукција на финална фоликуларна матурација;
- Апликативна е и примената на down-регулација со агонист или антагонист на гонадотропин-ослободувачки хормон за супресија на зголемување на нивоата на ендогениот лутеинизирачки хормон и за контрола на тоничните нивоа на лутеинизирачки хормон; со третманот со follitropin alfa се започнува приближно 2 недели по отпочнувањето на третманот со агонист, при што follitropin alfa се администрира во доза од 150 - 225 IE во првите 7 дена, со понатамошно прилагодување на дозата.
Жени со ановулација која е резултат на тежок дефицит на лутеинизирачки хормон и фоликуло-стимулирачки хормон
- Третманот започнува со администрација на 75 IE лутропин алфа дневно и 75 - 150 IE follitropin alfa; дозата се прилагодува на секои 7 - 14 дена со зголемување за 37,5 - 75 IE;
- По постигнување на оптимални резултати, во рок од 24 - 48 часа по последната инјекција на follitropin alfa и лутропин алфа, се администрира инјекција од 250mcg рекомбинантен хуман хорионски гонадотропин (r-hCG) или 5000 - 10000 IE hCG.
Мажи со хипогонадотропен хипогонадизам
- Препорачана доза на follitropin alfa e 150 IE, трипати неделно, во комбинација со хуман хорионски гонадотропин hCG, во период од најмалку 4 месеци.
Follitropin alfa е индициран за употреба при инфертилност.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.