Бенигна хиперплазија на простатата
Намалување на ризикот од акутна уринарна ретенција
Finasteride претставува инхибитор на 5α-редуктаза - стероиден интрацелуларен ензим, доминантно присутен во простатичните стромални клетки, кој врши конверзија на тестостеронот во неговиот попотентен метаболен облик - 5α-дихидротестостерон. Finasteride врши инхибиција на антивноста на ензимот 5α-редуктаза преку механизам на формирање на стабилен комплекс со двата типови на 5α-редуктаза-рецептор - тип I и тип II, со што се инхибира продукцијата на 5α-дихидротестостерон - метаболит кој е одговорен за зголемувањето на простатата; со ова, се намалува волуменот на простатата и се интензивира епителијалната апоптоза.
Препорачана доза на finasteride e 5mg дневно.
Finasteride може да се администрира и во комбинација со доксазосин.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Употребата на finasteride е контраиндицирана.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено хепатално оштетување;
- Употребата на finasteride кај пациенти со сериозно хепатално оштетување е контраиндицирана.
Употребата на finasteride е контраиндицирана кај жени.
Finasteride може да има негативно влијание врз машката репродуктивност.
Нема пријавени случаи на предозирање.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.