Лек: Финастерид

  • ATC код:G04CB01
  • Компанија:ХЕМОФАРМ АД фармацевтско-хемиска индустрија, Претставништво - Скопје
  • Доза:5mg филм-обложени таблети
Бенигна хиперплазија на простатата
Намалување на ризикот од акутна уринарна ретенција

Finasteride претставува инхибитор на 5α-редуктаза - стероиден интрацелуларен ензим, доминантно присутен во простатичните стромални клетки, кој врши конверзија на тестостеронот во неговиот попотентен метаболен облик - 5α-дихидротестостерон. Finasteride врши инхибиција на антивноста на ензимот 5α-редуктаза преку механизам на формирање на стабилен комплекс со двата типови на 5α-редуктаза-рецептор - тип I и тип II, со што се инхибира продукцијата на 5α-дихидротестостерон - метаболит кој е одговорен за зголемувањето на простатата; со ова, се намалува волуменот на простатата и се интензивира епителијалната апоптоза. 

Препорачана доза на finasteride e 5mg дневно. 

Finasteride може да се администрира и во комбинација со доксазосин.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
  • Употребата на finasteride е контраиндицирана.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Пациенти со хепатално оштетување
  • Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено хепатално оштетување; 
  • Употребата на finasteride кај пациенти со сериозно хепатално оштетување е контраиндицирана. 
  • Хиперсензитивност кон finasteride
  • Педијатриска популација и жени; 
  • Пациенти со тешко хепатално оштетување.
Инхибитори на CYP450 3A4 и Р-гликопротеин
  • Истовремената употреба на finasteride со инхибитори на  CYP450 3A4 и Р-гликопротеин, како ритонавир, индинавир, нефазодон, итраконазол или кетоконазол може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на finasteride

Нема влијание. 

Употребата на finasteride е контраиндицирана кај жени.

Finasteride може да има негативно влијание врз машката репродуктивност. 

Многу чести

/

Чести
  • Импотенција, променето (намалено) либидо, проблеми при ејакулација.
Помалку чести
  • Oсип, чувствителност или зголемување на градите, нарушена ејакулација.
Ретки

/

Многу ретки

/

Непознато
  • Алергиски реакции (раш, пруритус, уртикарија, локализиран едем и ангиоедем), депресија, тестикуларна болка и едем, анксиозност, намалено либидо кое перзистира по прекинот на терапијата, палпитации, пруритус, уртикарија, покачени серумски нивоа на хепаталните трансаминази, еректилна дисфункција, тестикуларна болка, хематоспермија, инфертилност кај мажи или семена течност со лош квалитет.

Нема пријавени случаи на предозирање.

Нема влијание. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:G04CB01
Генерично име:finasteride
Латинично име:Finasteride film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:5mg филм-обложени таблети
Производител:ХЕМОФАРМ АД фармацевтско-хемиска индустрија, Претставништво - Скопје
Носител на одобрение:HEMOFARM A.D., Вршац, Србија