Лек: Азацитидин Акорд

  • ATC код:L01BC07
  • Компанија:Европа Лек Фарма ДООЕЛ
  • Доза:25 mg/mL прашок за суспензија за инјектирање
Миелодиспластичен синдром со интермедиерен-2 и висок ризик
Хронична миеломоноцитна леукемија
Акутна миелоидна леукемија

Azacitidine претставува антинеопластичен агенс кој делува преку механизам на инхибиција на активноста на DNA-метилтрансферазата и го манифестира својот цитотоксичен ефект така што се инкорпорира во структурата на RNA- и DNA молекулите. Ковалентното врзување на azacitidine за DNA-метилтрансферазата резултира со DNA-хипометилација и превенира синтеза на DNA. Од друга страна, цитотоксичниот ефект на azacitidine се манифестира така што лекот најпрво навлегува во клетката, потоа се фосфорилира од страна на ензимот уридин-цитидин киназа до формирање на 5-azacitidine монофосфат; потоа, под дејство на пиримидин монофосфат и дифосфат киназите, монофосфатниот облик на azacitidine преминува во дифосфатен облик, а на крај и до трифосфатен облик и како таков се инкорпорира во структурата на RNA и DNA, со што го попречува метаболизмот на RNA и синтезата на протеини.

Препорачана почетна доза на azacitidine за првиот циклус од третманот е 75 mg/m2, администрирана во облик на супкутана инјекција, еднаш дневно, во тек на 7 дена, по што следува пауза од 21 дена. 

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Нема податоци.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
  • Хиперсензитивност кон azacitidine
  • Доење; 
  • Напредни малигни хепатални тумори.

Нема клинички значајни интеракции.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на azacitidine за време на бременост.
Доење
  • Употребата на azacitidine за време на доење е контраиндицирана.

Аzacitidine може да има негативно влијание врз машката репродуктивност. 

Многу чести
  • Пневмонија (бактериска, вирусна или фунгална), назофарингитис, фебрилна неутропенија, неутропенија, леукопенија, анемија, тромбоцитопенија, анорексија, намален апетит, хипокалиемија, инсомнија, вртоглавица, главоболка, диспнеа, епистакса, дијареа, вомитус, наузеа, абдоминална болка, петехии, пруритус, осип, екхимози, артралгии, мускуло-скелетна болка (болки во грбот, коските и екстремитетите), пирексија, замор, астенија, градна болка, еритем на местото на инјектирање, реакции на местото на инјектирање, намалена телесна тежина.
Чести
  • Сепса (бактериска, вирусна или фунгална), неутропенична сепса, инфекции на горен респираторен тракт, бронхитис, уринарни инфекции, целулитис, дивертикулитис, орална фунгална инфекција, синуситис, фарингитис, ринитис, херпес симплекс, инфекции на кожата, панцитопенија, миелосупресија, дехидратација, конфузија, анксиозност, интракранијална хеморагија, синкопа, сомноленција, летаргија, окуларна хеморагија, конјунктивална хеморагија, перикарден излив, хипотензија, хипертензија, ортостатска хипотензија, хематом, плеврален излив, диспнеа при напор, фаринголарингеална болка, гастроинтестинална хеморагија, хемороидална хеморагија, стоматитис, гингивална хеморагија, диспепсија, пурпура, алопеција, уртикарија, еритем, макуларен осип, мускулни спазми, мијалгија, ренална инсуфициенција, хематурија, покачување на серумските нивоа на креатинин, модринки, хематом, индурација, осип, пруритус, инфламација, дисколорација, нодули и хеморагија на местото на инјектирање, замор, треска, хеморагија од катетер.
Помалку чести
  • Реакции на хиперсензитивност, перикардитис, хепатална инсуфициенција, прогресивна хепатална кома, акутна фебрилна неутрофилна дерматоза, пиодерма гангренозум, ренална тубуларна ацидоза.
Ретки
  • Синдром на туморска лиза, интерстицијална пулмонарна болест, некроза на местото на инјектирање.
Многу ретки

/

Непознато
  • Некротизирачки фасцитис, синдром на диференцијација.

Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.

Поради можност од појава на замор, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:L01BC07
Генерично име:azacitidine
Латинично име:Azacitidine powder for suspension for injection
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:25 mg/mL прашок за суспензија за инјектирање
Производител:Европа Лек Фарма ДООЕЛ
Носител на одобрение:Accord Healthcare Polska Sp.z.o.o., Пабианице, Полска