Напреден или метастатски карцином на тестисите
Напреден или метастатски оваријален карцином
Напреден или метастатски везикуларен карцином
Напреден или метастатски карцином на сквамозните клетки на главата и вратот
Напреден или метастатски не-ситноклеточен карцином на белите дробови
Напреден или метастатски ситноклеточен карцином на белите дробови
Карцином на cervix uteri
- Применливо во комбинација со други хемотерапевтици или радиотерапија.
Cisplatin претставува антинеопластичен алкилирачки агенс, кој делува преку механизам на прикачување на своите алкил-групи за DNA-базите, што резултира со фрагментација на DNA од страна на репарирачките ензими со цел замена на алкилираните бази, а како резултат на тоа се превенира синтеза на DNA и транскрипција на RNA од афектираната DNA. Потоа следи деструкција на структурата на DNA-молекулот, со што се оневозможува DNA-синтеза и транскрипција.
Препорачана доза на cisplatin e 50 - 120 mg/m2 на секои 3 - 4 недели, администрирана како единечна доза; алтернативно, може да се примени режим на дозирање кој опфаќа администрација на доза од 15 - 20 mg/m2 дневно, во период од 5 дена, на секои 3 - 4 недели.
Препорачана доза на cisplatin кога истиот е дел од комбинирана терапија е 20 mg/m2 на секои 3 - 4 недели, администрирана како единечна доза.
Карцином на cervix uteri
- Препорачана доза на cisplatin e 40 mg/m2 неделно, во тек на 6 недели, во комбинација со радиотерапија или други хемотерапевтици.
Хидратација
- 2 - 12 часа пред администрација на cisplatin и најмалку 6 часа по неговата администрација мора да се одржува адекватна хидратација;
- Хидратација на пациентот пред третманот се постигнува со интравенска инфузија од 100 - 200 mL/h, во период од 6 - 12 часа, со вкупна количина од најмалку 1L на 0,9% раствор на NaCl во комбинација со 5% раствор на глукоза;
- Хидратација на пациентот по третманот се постигнува со интравенска инфузија од дополнителни 2L на 0,9% раствор на NaCl во комбинација со 5% раствор на глукоза, со стапка на инфундирање од 100 - 200 mL/h, во период од 6 - 12 часа.
Cisplatin може да предизвика иреверзибилна инфертилност.
Се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.