Лек: Цисплатин Плива

  • ATC код:L01XA01
  • Компанија:ПЛИВА дооел
  • Доза:0,5 mg/mL концентрат за раствор за инфузија
Напреден или метастатски карцином на тестисите
Напреден или метастатски оваријален карцином
Напреден или метастатски везикуларен карцином
Напреден или метастатски карцином на сквамозните клетки на главата и вратот
Напреден или метастатски не-ситноклеточен карцином на белите дробови
Напреден или метастатски ситноклеточен карцином на белите дробови
Карцином на cervix uteri
  • Применливо во комбинација со други хемотерапевтици или радиотерапија.

Cisplatin претставува антинеопластичен алкилирачки агенс, кој делува преку механизам на прикачување на своите алкил-групи за DNA-базите, што резултира со фрагментација на DNA од страна на репарирачките ензими со цел замена на алкилираните бази, а како резултат на тоа се превенира синтеза на DNA и транскрипција на RNA од афектираната DNA. Потоа следи деструкција на структурата на DNA-молекулот, со што се оневозможува DNA-синтеза и транскрипција.

Препорачана доза на cisplatin e 50 - 120 mg/m2 на секои 3 - 4 недели, администрирана како единечна доза; алтернативно, може да се примени режим на дозирање кој опфаќа администрација на доза од 15 - 20 mg/m2 дневно, во период од 5 дена, на секои 3 - 4 недели.

Препорачана доза на cisplatin кога истиот е дел од комбинирана терапија е 20 mg/m2 на секои 3 - 4 недели, администрирана како единечна доза. 

Карцином на cervix uteri
  • Препорачана доза на cisplatin e 40 mg/m2 неделно, во тек на 6 недели, во комбинација со радиотерапија или други хемотерапевтици.
Хидратација
  • 2 - 12 часа пред администрација на cisplatin и најмалку 6 часа по неговата администрација мора да се одржува адекватна хидратација;
  • Хидратација на пациентот пред третманот се постигнува со интравенска инфузија од 100 - 200 mL/h, во период од 6 - 12 часа, со вкупна количина од најмалку 1L на 0,9% раствор на NaCl во комбинација со 5% раствор на глукоза; 
  • Хидратација на пациентот по третманот се постигнува со интравенска инфузија од дополнителни 2L на 0,9% раствор на NaCl во комбинација со 5% раствор на глукоза, со стапка на инфундирање од 100 - 200 mL/h, во период од 6 - 12 часа. 
  • Хиперсензитивност кон cisplatin
  • Хиперсензитивност кон други соединенија на платина; 
  • Пациенти со претходно ренално оштетување; 
  • Дехидрирани пациенти;
  • Миелосупресија; 
  • Доење; 
  • Истовремена употреба на вакцина против жолта треска.
Миелосупресивни лекови
  • Истовремената употреба на cisplatin со други лекови со миелосупресивно дејство, како фуросемид, цефалоридин или некои аминогликозиди може да го зголеми ризикот од појава на миелосупресија.
Нефротоксични лекови
  • Истовремената употреба на cisplatin со други нефротоксични лекови, како цефалоспорини, аминогликозиди, амфотерицин В или контрастни медиуми, може да го зголеми ризикот од потенцирање на нефротоксичните ефекти на cisplatin.
Ифосфамид
  • Истовремената употреба на cisplatin со ифосфамид може да го зголеми ризикот од појава на ренална токсичност.
Ототоксични лекови
  • Истовремената употреба на cisplatin со ототоксични лекови, како некои аминогликозиди или диуретици на Хенлеова петелка (фуросемид), може да го зголеми ризикот од манифестација на ототоксични ефекти.
Орални антикоагуланси
  • Истовремената употреба на cisplatin со орални антикоагуланси може да резултира со пролонгирање на протромбинското време и да го зголеми ризикот од хеморагија.
Антихистаминици
  • Истовремената употреба на cisplatin со антихистаминици, буклизин, циклизин, локсалин, меклозин, фенотиазини, тиоксантини и триметобензамиди може да резултира со маскирање на ототоксичните симптоми, како вртоглавица и тинитус, 
Пиродиксин + алтретамин
  • Истовремената употреба на cisplatin со комбинацијата пиродиксин + алтретамин може да резултира со одложување на терапевтското дејство на cisplatin.
Паклитаксел
  • Истовремената употреба на cisplatin со паклитаксел може да го зголеми ризикот од појава на невротоксичност како резултат на намален клиренс на паклитаксел.
Антиконвулзиви
  • Истовремената употреба на cisplatin со антиконвулзиви може да резултира со намалување на плазматската концентрација на антиконвулзивите (на пр. фенитоин) и намалување на нивната терапевтска ефикасност.
Лекови за третман на гихт
  • Истовремената употреба на cisplatin со алопуринол, колхицин, пробенецид или сулфинпиразон може да ја зголеми потребата од прилагодување на дозата на овие лекови, во насока на нејзино зголемување.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на cisplatin за време на бременост.
Доење
  • Употребата на cisplatin за време на доење е контраиндицирана.

Cisplatin може да предизвика иреверзибилна инфертилност.

Многу чести
  • Миелосупресија, тромбоцитопенија, леукопенија, анемија, хипонатриемија.
Чести
  • Венски тромбоемболизам, аритмија, брадикардија, сепса.
Помалку чести
  • Анафилактоидна реакција, хипомагнезиемија, ототоксичност, абнормална сперматогенеза.
Ретки
  • Хипоалбуминемија, стоматитис, миокарден инфаркт, конвулзии, периферна невропатија, леукоенцефалопатија, акутна леукемија, реверзибилен постериорен леукоенцефалопатичен синдром.
Многу ретки
  • Срцев арест.
Непознато
  • Пирексија, астенија, малаксаност, екстравазација на местото на инјектирање, акутна ренална инсуфициенција, ренално нарушување, ренално тубуларно нарушување, осип, алопеција, мускулни спазми, пулмонарна емболија, хипербилирубинемија, хипертрансаминазиемија, вомитус, наузеа, анорексија, икање, дијареа, тромботична микроангиопатија, хемолитички уремичен синдром, Raynaud's феномен, тинитус, губење на слухот, кардијални нарушувања, заматен вид, слепило за бои, кортикално слепило, оптички невритис, папилоедем, ретинална пигментација, цереброваскуларни настани, хеморагичен мозочен удар, исхемичен мозочен удар, агеузија, церебрален артритис, миелопатија, автономна невропатија, Lhermitte's знак, дехидратација, хипокалиемија, хипофосфатемија, хиперурикемија, хипокалциемија, тетанија, зголемени серумски нивоа на амилаза, синдром на несоодветна секреција на антидиуретичен хормон, Combs-позитивна хемолитичка анемија, инфекции.
Симптоми
  • Ренална инсуфициенција, хепатална инсуфициенција, тешка невросензорна токсичност (губење на слухот), окуларна токсичност (вклучувајќи одвојување на ретината), значителна миелосупресија, наузеа, вомитус, невритис и летален исход.
Третман
  • Симптоматски и супортивен третман; 
  • Хемодијализа, применета во првите 3 часа по интоксикацијата.

Се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:L01XA01
Генерично име:cisplatin
Латинично име:Cisplatin concentrate for solution for infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:0,5 mg/mL концентрат за раствор за инфузија
Производител:ПЛИВА дооел
Носител на одобрение:PLIVA Hrvatska d.o.o, Загреб, Хрватска, PHARMACHEMIE B.V., Харлем, Холандија