Fluorouracil делува преку механизам на врзување со својот дезоксирибонуклеотиден домаин и фолатниот кофактор N5-10-метилентетрахидрофолат за тимидилат синтазата, со цел формирање на комплекс со кој се постигнува инхибиција на формирањето на тимитилат од урацил, што резултира со инхибиција на синтеза на DNA и RNA и клеточна смрт. Fluorouracil исто така се инкорпорира во структурата на RNA на местото на уридин трифосфат и со тоа интерферира со синтезата на протеините.
Третманот со fluorouracil започнува интрахоспитално, со администрација на максимална доза од 1000mg, администрирана во облик на интравенска инјекција или инфузија или со интра-артериска регионална перфузија.
Интравенска инфузија
- Препорачана доза на fluorouracil e 15 mg/kg телесна тежина, до максимална доза од 1000mg по инфузија, разредена во 300 - 500 mL 5% раствор на глукоза или 0,9% NaCl инјекција, администрирана во текот на 4 часа;
- Алтернативно, дневната доза може да се администрира за 30 - 60 минути или да се администрира како континуирана инфузија во текот на 24 часа.
Интравенска инјекција
- Препорачана доза на fluorouracil е 12 mg/kg телесна тежина дневно, во тек на 3 дена; потоа се продолжува со администрација на доза од 6 mg/kg телесна тежина на наизменични денови за 3 дополнителни дози;
- Алтернативно, може да се администрира доза од 15 mg/kg телесна тежина, во облик на единечна интравенска инјекција, еднаш неделно во текот на циклусот.
Интра-артериска инфузија
- Препорачана доза на fluorouracil e 5 - 7,5 mg/kg телесна тежина дневно, администрирана во облик на 24-часовна континуирана артериска инфузија.
Терапија на одржување
- Почетниот курс на третманот може да се повтори по 4 - 6 недели од последната доза; алтернативно, третманот продолжува со интравенска инјекција од 5 - 15 mg/kg телесна тежина fluorouracil, во неделни интервали;
- Алтернативно, може да се администрира доза од 15 mg/kg телесна тежина интравенски, еднаш неделно, во текот на терапевтскиот циклус.
Употребата на fluorouracil e контраиндицирана за време на бременост и доење.
Fluorouracil може да има негативно влијание врз машката и женската репродуктивност.
Се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.