Акутни или хронични респираторни инфламации пропратени со продуктивна кашлица
Олеснување на симптомите на инфламација на респираторниот тракт, кои се пропратени со продуктивна кашлица, со цел олеснување на искашлувањето.
Препорачана доза кај педијатриски пациенти на возраст од 2 - 5 години е 12 капки на секои 8 часа, што одговара на 8,4mg hederae helix extractum siccum.
Препорачана доза кај педијатриски пациенти на возраст од 6 - 11 години е 16 капки на секои 8 часа, што одговара на 11,2mg hederae helix extractum siccum.
Препорачана доза кај педијатриски пациенти на возраст над 12 години и возрасни пациенти е 24 капки на секои 8 часа, што одговара на 16,8mg hederae helix extractum siccum.
Нема клинички значајни интеракции.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.