Акутни или хронични респираторни инфламации пропратени со продуктивна кашлица
Олеснување на симптомите на инфламација на респираторниот тракт, кои се пропратени со продуктивна кашлица, со цел олеснување на искашлувањето.
Препорачана доза кај педијатриски пациенти на возраст од 2 - 6 години е 2,5mL раствор на секои 12 часа, што одговара на 35mg hederae helix extractum siccum.
Препорачана доза кај педијатриски пациенти на возраст од 6 - 12 години е 5mL раствор на секои 12 часа, што одговара на 70mg hederae helix extractum siccum.
Препорачана доза кај педијатриски пациенти на возраст над 12 години и возрасни пациенти е 5mL раствор на секои 8 часа, што одговара на 105mg hederae helix extractum siccum.
Нема клинички значајни интеракции.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.