Лек: Агнис

  • ATC код:A10BH02
  • Компанија:БЕЛУПО дооел
  • Доза:50mg таблети
Дијабетес мелитус тип 2
  • Применливо како монотерапија или како двојна перорална терапија во комбинација со метформин, сулфанилуреа или агонисти на пароксизомален пролифератор-активиран гама-рецептор (PPARγ); 
  • Применливо како тројна терапија, во комбинација со сулфанилуреа и метформин или PPARγ и метформин. 
Дополнување на инсулинска терапија

Vildagliptin претставува инхибитор на дипептидил пептидаза 4 (DPP-4) кој се користи за третман на дијабетес мелитус тип II. Со инхибиција на дипептидил пептидазата 4 се забавува DPP-4-посредуваната инактивација на инкретините, како што се GLP-1 и GIP; редуцираната инхибиција на инкретините ја зголемува синтезата на инсулинот и го намалува ослободувањето на глукагон, зависно од нивоата на глукоза во крвта. Сето ова резултира со зголемена регулација на нивото на глукоза во крвта и со редукција на серумските нивоа на гликозилиран хемоглобин (HbA1c).

Препорачаната доза на vildagliptin кога се администрира во комбинација со метформин, во комбинација со тиазолидиндион, во комбинација со метформин + сулфанилуреа или во комбинација со инсулин, е 100mg дневно, поделена во 2 поединечни дози, и тоа 50mg наутро и 50mg навечер. 

Препорачана доза на vildagliptin кога се администрира во двојна комбинација со сулфанилуреа, е 50mg еднаш дневно, администрирана наутро. 

Посебни популации
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно ренално оштетување (GFR = 60 - 90 mL/min) и умерено ренално оштетување (GFR = 45 - 60 mL/min); 
  • Препорачана доза на vildagliptin кај пациенти со умерено ренално оштетување (GFR = 30 - 45 mL/min) е 50mg дневно; 
  • Препорачана доза на vildagliptin кај пациенти со сериозно ренално оштетување (GFR < 15 mL/min) е 50mg дневно.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Не се препорачува употреба на vildagliptin кај педијатриски пациенти на возраст до 18 години.
  • Хиперсензитивност кон vildagliptin
Дигоксин
  • Истовремената употреба на vildagliptin со дигоксин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на дигоксин.
АКЕ-инхибитори
  • Истовремената употреба на vildagliptin со АКЕ-инхибитори може да го зголеми ризикот од појава на ангиоедем.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на vildagliptin за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со vildagliptin.

Нема податоци.

Чести
  • Хипогликемија, главоболка, тремор, заматен вид, мачнина.
Помалку чести
  • Замор.
Ретки

/

Непознато

/

Многу чести

/

Многу ретки

/

Симптоми
  • Зголемување на серумските нивоа на креатин фосфокиназа, аспартат аминотрансфераза и на С-реактивниот протеин.
Третман
  • Симптоматски и супортивен третман.

Поради можност од појава на вртоглавица и сомноленција, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:A10BH02
Генерично име:vildagliptin
Латинично име:Vildagliptin tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:50mg таблети
Производител:БЕЛУПО дооел
Носител на одобрение:BELUPO lijekovi i kozmetika d.d., Копривница, Хрватска