Дијабетес мелитус тип 2
- Применливо како монотерапија или како двојна перорална терапија во комбинација со метформин, сулфанилуреа или агонисти на пароксизомален пролифератор-активиран гама-рецептор (PPARγ);
- Применливо како тројна терапија, во комбинација со сулфанилуреа и метформин или PPARγ и метформин.
Дополнување на инсулинска терапија
Vildagliptin претставува инхибитор на дипептидил пептидаза 4 (DPP-4) кој се користи за третман на дијабетес мелитус тип II. Со инхибиција на дипептидил пептидазата 4 се забавува DPP-4-посредуваната инактивација на инкретините, како што се GLP-1 и GIP; редуцираната инхибиција на инкретините ја зголемува синтезата на инсулинот и го намалува ослободувањето на глукагон, зависно од нивоата на глукоза во крвта. Сето ова резултира со зголемена регулација на нивото на глукоза во крвта и со редукција на серумските нивоа на гликозилиран хемоглобин (HbA1c).
Препорачаната доза на vildagliptin кога се администрира во комбинација со метформин, во комбинација со тиазолидиндион, во комбинација со метформин + сулфанилуреа или во комбинација со инсулин, е 100mg дневно, поделена во 2 поединечни дози, и тоа 50mg наутро и 50mg навечер.
Препорачана доза на vildagliptin кога се администрира во двојна комбинација со сулфанилуреа, е 50mg еднаш дневно, администрирана наутро.
Посебни популацииПациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно ренално оштетување (GFR = 60 - 90 mL/min) и умерено ренално оштетување (GFR = 45 - 60 mL/min);
- Препорачана доза на vildagliptin кај пациенти со умерено ренално оштетување (GFR = 30 - 45 mL/min) е 50mg дневно;
- Препорачана доза на vildagliptin кај пациенти со сериозно ренално оштетување (GFR < 15 mL/min) е 50mg дневно.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Постари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Не се препорачува употреба на vildagliptin кај педијатриски пациенти на возраст до 18 години.
Поради можност од појава на вртоглавица и сомноленција, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.