Pentoxifylline ја намалува вискозноста на крвта и ги подобрува циркулацијата и оксигенацијата на периферните ткива. Со зголемување на серумските нивоа на еритроцитниот аденозин трифосфат и на цикличните нуклеотиди, pentoxifylline ја подобрува флексибилноста на еритроцитите, со што се намалува вискозноста на крвта, се спречува еритроцитна агрегација и се стимулира фибринолиза со цел намалување на плазматската концентрација на фибриногенот. Pentoxifylline исто така ја инхибира мембрански-врзаната фосфодиестераза, што води до зголемување на концентрацијата на цикличниот аденозин монофосфат; понатаму, pentoxifylline ја инхибира синтезата на тромбоксанот и ја стимулира синтезата на простациклин; овие дејства ја спречуваат тромбоцитната агрегација; дополнително, со инхибиција на фосфодиестеразата и со зголемената концентрација на цикличен аденозин монофосфат, се постигнува вазодилатација на ниво на скелетно-мускулната васкулатура.
Pentoxifylline го спречува формирањето на слободните радикали за време на периферна исхемија кај пациенти со периферни васкуларни нарушувања, а исто така спречува исхемично оштетување на ткивата на ниво на интестиналната мукоза.
Препорачана вообичаена доза на pentoxifylline e 400mg на секои 8 часа.
По подобрување на клиничката состојба, дневната доза може да се намали на 400mg на секои 12 часа.
Посебни популации Постари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Не се препорачува употреба на pentoxifylline кај педијатриски пациенти под 18-годишна возраст.
Пациенти со ренално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со креатинин клиренс < 30 mL/min во насока на нејзино намалување за 50 - 70% од препорачаната доза за возрасни;
- Препорачана доза на pentoxifylline кај пациенти на хемодијализа е 400mg дневно, со можност за понатамошно постепено зголемување на дозата во интервали од 4 дена.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Поради можност од појава на зашеметеност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.